Опра Винфри им одговори на критичарите, па објасни како ги заработила милионите

Date:

Познатата водителка Опра Винфри одговори на децениските критики упатени на нејзина сметка, поради тоа што им даде медиумска платформа на Фил Мекгроу познат како Д-р Фил и Мехмет Оз понат како Д-р Оз, кои подоцна станаа влијателни ТВ-личности и политички активни фигури. Во интервју за „Еми магазин“, 72-годишната Винфри ги објасни причините зошто првично ги ангажирала во нејзиното популарно шоу, пишува „Пипл“.

Винфри го запознала Д-р Фил за време на судски процес во 1998 година каде тој ѝ помогнал како советник.

„Беше толку практичен, приземен и реален. Сметав дека може да им помогне на многу луѓе“, изјави таа.

Додека пак, за Д-р Оз изјави дека нејзината пријателка Гејл Кинг ги запознала во 2004 година.

„Објаснуваше медицински работи на едноставен начин што ми беше корисен, па помислив дека ќе им користи и на другите“.

Опра нагласи дека нејзините тогашни намери биле исклучиво водени од желбата да сподели корисни информации со публиката, но се огради од нивните денешни политички ставови:

„Секој има свој пат во животот и тоа нема никаква врска со мене, ниту пак јас имам некаква врска со нив. Луѓето ме критикуваат за нивните ставови и политика, но во тоа време мојата намера беше едноставна“, изјави Опра.

Двајцата лекари, кои подоцна добија свои сопствени емисии поддржани од нејзината продукција, во последниве години се познати како поддржувачи на Доналд Трамп и извршуваат повеќе јавни функции во неговата администрација.

Во истото интервју, Опра се осврна и на коментарите за нејзиното богатство, истакнувајќи дека нејзиното шоу било вистинска мисија, а не само бизнис.

Таа откри дека успеала да изгради империја благодарение на тоа што верувала во сопствениот проект иако машките менаџери во индустријата не очекувале толкав успех, овозможувајќи ѝ постепено да го зголеми својот удел во шоуто од 35 отсто на дури 92 отсто.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...

Кумановец му се заканувал на Мицкоски преку пораки дека ќе го убие, обвинителството бара притвор

Триесет и деветгодишен жител на кумановското село Черкези е...