Опозицијата прогласи историска победа против Ердоган на локалните избори во Турција

Date:

Голем број поддржувачи на опозицијата синоќа се собраа пред градското собрание во Истанбул со знамиња и транспаранти со сликата на Екрем Имамоглу покрај основачот на модерна Турција Кемал Ататурк.

Главната опозициска партија во Турција прогласи победа во двата најголеми град Истанбул и Анкара на локалните избори што вчера се оддржаа во земјата, јавуваат светските медиуми.

Актуелниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој првиот градоначалнчки мандат го освои во 2019 година, постигна втора победа со неговата секуларна опозициска партија ЦХП (Републиканска народна партија).

Резултатите од локалните избори, како што објави Би-би-си, претставуваат значаен удар за владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, кој се надеваше дека ја врати контролата врз овој град за помалку од една година откако го обезбеди третиот мандат за шеф на државата.

Тој лично ја водеше кампањата за изборите во Истанбул, каде што порасна и го почна својот политички пробив токму како градоначалник на овој град.

Ердоган вети нова ера Истанбул, градот со речиси 16 милиони жители, но актуелниот градоначалник е на пат да освои повеќе од 50 отсто од гласовите или над 10 поени пред кандидатот на АКП.

Ова е, исто така, прв пат, откако дојде на власт пред 21 година, партијата на Ердоган да биде поразена на гласачките места низ целата земја.

Во главниот град на Турција, Анкара, кандидатот на опозициската Републиканска народна партија, Мансур Јавас, исто така, е далеку пред својот противкандидат со освоени 59 отсто од гласовите, според првичните резултати. Тој погласи победа уште додека беа препбројани помалку од полиовина од гласовите.

Неговите поддржувачи ги блокираа сите главни патишта во градот, вејќи знамиња и свирејќи со сирените на автомобилите, пренесува Би-би-си.

Главната опозициска партија, како што наведува сервисот, е на пат да победи и во други големи градови во земјата, вклучувајќи ги Измир, Бурса, Адана и Анталија.

Седумдесетгодишниот претседател на Турција, призна дека изборите не поминале како што се надевал, но во обраќање до неговите поддржувачи рече дека тоа не значи „крај за нас, туку пресвртница“.


Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган со сопругата ги поздравуваат поддржувачите по затворањето на гласачките места на вчерашните локални избори.
За време на изборната кампања, Ердоган најави повлекување од политиката и дека локалните избори одржани вчера ќе бидат последните на кои учестува. Неговиот претседателски мандат истекува во 2028 година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Потпечени таљатели со спанаќ и моцарела

Потребни состојки:250g таљатели500g спанаќ (може и замрзнат)125g моцарела80g пармезанМалку...

Фенербахче доби уште една битка со Олимпијакос, Асвел ја прекина победничката серија на Барселона

Кошаркарите на Фенербахче издвојуваа победа над Олимпијакос од 87:77...

Фото галерија: Како Битуше ги чува древните македонски традиции

Битуше е едно од последните села од Мијачкиот крај...

Чуден мирис на Роторуа во Нов Зеланд

Роторуа се наоѓа во Нов Зеланд, а станува збор...