Омилениот колач во поранешна Југославија

Date:

Ви откриваме рецепт за падобранци кој многу лесно се приготвува

Состојки:

За колачот:

  • 4 белки
  • 200 г шеќер во прав
  • 150 г мелени потпечени ореви
  • 2 лажици ронки од бисквити
  • прстофат сол и лажица лимон

За филот:

  • 100 г шеќер во прав
  • 100 г путер
  • 2 жолчки
  • 100 г стопено чоколадо
Приготвување:

Најпрво, пригответе го колачот. Загрејте ја рерната на 140-150 степени, без вентилатор.

Одвојте ги белките од жолчките, па изматете белки и сол и потоа постепено додавајте шеќер во прав и на крајот, лимон. Кога ќе добиете цврст снег, внимателно додајте ситно мелени ореви и бисквити.

Ставете хартија за печење во тепсија, па ставајте по малку од смесата со помош на две лажички. Печете ги околу 25 минути. Колачите треба да ја задржат формата, мора да бидат суви и цврсти на допир, а бојата би требало да остане светла и што побела.

По печењето, треба да ги оставите на тепсијата да се оладат, па дури потоа да ги извадите од хартијата и да ги наредите на решетката додека потполно се оладат.

Оригиналниот фил се приготвува од пресни жолчки. Добро изматете путер од собна температура со шеќер во прав за да добиете пенеста смеса, па додавајте жолчки, една по една, добро матете и на крајот додајте стопено и оладено чоколадо. Изматете го кремот уште малку, па ставајте од филот помеѓу два испечени колачи.

Доколку не сакате да користите пресни јајца, измешајте 4 жолчки и шеќер, па ставете ги да се зготват на пареа. Сварени се кога жолчките ќе побелат, двојно ќе се зголемат и ќе достигнат температура од 75 степени. Во сварените жолчки додајте иситнето чоколадо, па мешајте додека чоколадото се стопи. Потоа, додајте путер и мешајте додека добиете хомогена смеса. Оставете го потполно да се олади.

Спојувајте по две колачиња со многу фил.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...

ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НЕ ПОСТОЈАТ МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ

Европратениците ги избришаа термините македонски јазик и идентитет од...

“За да постои, на македонскиот народ не му е потребна ваша дозвола“

Извештајот за напредокот на Македонија, подготвен од европратеникот Томас...

Декларација на единаесеттата национална конференција на ОМО Илинден–Пирин

Гласна и решителна осуда на политиката на Бугарија за...