За време на годишни одмори, без покана на ниту еден државен претставник, во заедништво, албанската опозиција и владина партија направија културен пуч во Македонија, прогласувајќи победа на албанскиот народ на сите територии на бивша СФРЈ, се вели во реакцијата на Обединетата македонска дијаспора по вчерашниот престој на косовскиот премиер Аљбин Курти во Скопје и Тетово.
„Победа беше прогласена од страна на косовскиот премиер Аљбин Курти кој среде Скопје, го промени името на улицата Втора македонска бригада во Адем Демачи. Со овој потег и прегазување на бригадата која ја ослободи и делуваше на речиси сите фронтови во централниот и источниот регион на Македонија како и на Сремски фронт, Србија, Хрватска и Словенија, албанските балисти креираа културна победа во центарот на Македонија, Скопје.
Го осудуваме овој чин како закана за културата, нацијата и државен удар каде странски премиер, прогласува победа во отсуство на македонски (домаќин) политички лидер.
Пораките,испратени од косовскоот премиер Курти на ден после одбележувањето на 110 годишнината од Букурешкиот договор, кој помина без никакво владино адресирање, до ниту една интернационална организација за денот на кој почна македонскиот геноцид, албанските претставници внатре во државата, прогласија скопски договор, кој го прекршува Уставот на Република Македонија и ги прекршува културните обележја, претставува закана за националниот поредок и ја покажува реалната слика на политичките опозициски и владеачки албански партии.
Го повикуваме секој македонски граѓанин кој посакува ова парче земја, независно од неговата етничка, религиска или каква било друга припадност, кој посакува територијата на Македонија да остане независна, суверена и верува дека има напредок, да не потпаѓа под овие етнички поделби, да се спротивстави на странското политичко адресирање.
Од македонската влада бараме да напише протестно писмо кон Косово и да го прогласи Аљбин Курти за персона нон-грата, отворено и сериозно да разговара албанскиот блок за овој тотално недржавнички чин, враќајки ги сите обележја, имиња на улици, корегирајќи ги сите албански знамиња во согласност со Уставот на Република Македонија, и постапување согласност законите.
Оваа држава мора да ги почитува своите закони, своите граѓани, својата култура и идентитет. Македонија за ова прашање не е ниту лева ниту десна, Македонија мора да биде обединета“, се вели во реакцијата на ОМД.
ОМД: Косовскиот премиер Курти да се прогласи за персона нон грата во Македонија
