Дијаспората без адреса во Македонија нема да гласа на избори.

Иселениците кои немаат адреса на живеење во Македонија нема да можат да гласаат на престојните избори. Обединететата Mакедонска Дијаспора(ОМД) бара државата да најде решение со кое нема да се повреди гласачкото право на илјадниците Македонци во дијаспората. Тие имале средба и со Државната изборна комисија(ДИК), но нема најави дека може да се реши проблемот. 

Од ОМД велат дека и на претходните избори се соочувале со проблеми. Регистрацијата завршила успешно, но тие не се нашле на избирачкиот список.

До 18-ти март трае пријавувањето за гласање на македонски државјани во странство.