ОМД: Бугарија да ги внесе Mакедонците во својот Устав

Date:

Бугарија нема основ да бара почитување на некакви си права во друга држава, бидејќи таа самата не ги почитува основните човекови права на Македонците. Ова е ставот на Обединетата македонска дијаспора.

Еден од основачите, Методија Колоски, кој е во посета на Скопје вели дека тие се борат и ќе продолжат да се борат за зачувување на македонскиот идентитет, култура и јазик и во дијапсората, но и во татковината.

„Не е убаво од страна на Бугарија да бара од Македонија за исполнување некакви си прав, кога во Бугарија има 14 пресуди против Бугарија од Европскиот суд за човекови права. Македонците во Бугарија се третирани како да не постојат, а нас како идна членка на ЕУ се бараме ние да испочетуваме некакво бугарско малцинство, кое е дефинитивно помалкубројно од макеоднците во Бугарија.“ – Вели претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Независноста, демократијата и функционалниот мултиетнички систем се трите најголеми македонски достигнувања, а дијаспората има значаен удел во секое од нив. Истакна претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на симпозиум што го организира Обединетата македонска дијаспора во Скопје, каде истакна дека Македонија досега се соочила со големи предизвици, внатрешни конфликти и серија надворешни негирања, поради кои сме направиле големи отстапки.

  • „Македонската држава и граѓани да продолжат да опстојуваат и бидат платформа за понатамошен развој и просперитет на сегашните и идните генерации, неопходни се три услови. Првиот услов е геополитичката безбедност што ни ја гарантира членството во НАТО алијансата. Војната во Украина, покажа колку е важно што сме на вистинската страна на историјата. Но, за да го заокружиме интегрирањето во тој геополитички и геоекономски простор неопходно ни е и членство во ЕУ“ – Изјави Пендаровски.

Претседателот Пендарвоски и порача на Македонците низ светот да продолжат да лобираат за членството на Македонија во Еворпската унија, како што тоа го правеле за признавање на независноста и воспоставување дипломатски односи со разни земји.

Претседателот на Обединетатата македонска дијаспора пак, Мето Колоски, вели дека се надева оти соседите на Македонија ќе го следат нашиот чекор, и ќе ги признаат етничките малцинства.

  • „Се надеваме дека нашите соседи ќе бидат многу повеќе како нас, во смисла да ги даваат правата што ги заслужуваат сите малцинства како што Македонија е пример во светот за правата на малцинствата. Тоа е клучна порака која мора да ја кажуваме постојано“ – Изјави претседателот на ОМД, Методија Колоски.

Од ОМД велат дека не се против промена на макеоднскиот Устав, но под еден услов, истото да се случи и во Бугарија.

  • „Нас не ни смета да се промени Уставот на Република Македонија, но, под еден многу важен услов, истото тоа да се случи со реципроцитет и да се промени Уставот на Република Бугарија, со што, македонското малцинство би се внело како малцинство во Република Бугарија.“ – Истакна ко-основачот на ОМД, Александар Ристевски.

Тие се обратија на симпозиумот во организација на ОМД, каде се се разговараше кои се можностите на Македонците од дијаспората да студираат, инвестираат или пак да се пензионираат во татковината.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВМФЛ: Водечките со нови победи, Брегалница со три бода од Велес

Попладнево се одиграа сите осум средби од 25.коло во...

Да се знае кој е кој: “Кралевите“ чекаа во ред да се поздрават со НАЈГОЛЕМИОТ!

Можеби во неговата Србија во последните неколку месеци и...

Пиастри по победата во Џеда: Ова ми беше најтешка трка во кариерата…

Оскар Пиастри стигна до третата сезонска победа во Формула...

Елизабет Харли најде љубов во прегратките на таткото на Мајли Сајрус

Британската актерка Елизабет Харли ја изненади јавноста со последната објава на...