Оливија Вајлд: Врската со Хари Стајлс ми нанесе штета и на кариерата и на приватниот живот

Date:

Американската актерка и режисерка Оливија Вајлд изјави дека негативните реакции од јавноста за време на нејзината љубовна врска со пејачот Хари Стајлс сериозно и наштетиле на нејзината кариера, но и на приватниот живот. Вајлд и поранешниот член на популарната група „Уан дајрекшн“ беа во врска речиси две години, а раскинаа во 2022 година, пишува „Дејли мејл“.

оливија вајлд хари стајлс

Гостувајќи во поткастот на Луис Теру, 42-годишната Вајлд се осврна на бројните скандали што го следеа нејзиниот филм „Не грижи се, мила“ од 2022 година, на чие снимање го запозна 32-годишниот Стајлс. Таа истакна дека интензивното медиумско внимание му наштетило на самиот филм, но оставило и сериозни последици врз нејзиниот приватен живот, признавајќи дека тогаш сфатила колку интернетот може да биде суров и токсичен.

И покрај тоа, Вајлд неодамна истакна дека нивната врска била нежна и исполнета со радост и дека не се кае за времето минато заедно. Денес таа е во врска со британскиот трговец со уметнички дела Каспар Џоплинг, поранешен сопруг на пејачката Ели Голдинг, со кого е од септември 2025 година, а нивниот однос се труди максимално да го заштити од очите на јавноста.

Покрај љубовниот живот, Вајлд зад себе има и два подолги односи бракот со италијанскиот режисер Тао Русполи со кого се омажи на 19-годишна возраст, како и долгогодишната врска со актерот Џејсон Судеикис со кого ги има децата Отис и Дејзи.

На професионален план, таа моментално го промовира својот нов режисерски проект „Покана“ во кој глуми со Сет Роген, а воедно се подготвува и за премиерите на еротскиот трилер „Ја сакам твојата секс-привлечност“ и остварувањето во кое глуми со Педро Паскал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Арсими со победа го отвори третото ПМФЛ коло

Тимот на Арсими ги освои првите три бода сезоната,...

Лејкерси по вторпат продадени за само 14 месеци 

НБА-лигата, но и навивачите на Лејкерс, сè уште се...

THE NEW CHURCH “ST. APOSTOL THOMAS” –PART I (19)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN God's...

Брза фритата со зеленчук

Искористете го зеленчукот што го имате во фрижидер и...