Олешки се евакуира, Русите и Украинците се заблагодарија на мироносецот Меланија

Date:

Голема евакуација на жителите денеска започна во украинскиот град Олешки, кој е под руска окупација, по локалното примирје договорено со посредство на Меланија Трамп, пренесуваат светските медиуми.

Украинските власти ја оценија операцијата во Олешки како едно од најзначајните запирања на борбите од почетокот на целосната руска инвазија пред повеќе од четири и пол години.

Некои жители на Олешки стравуваат и дека по евакуацијата нема да можат да стигнат до местото каде што сакаат да заминат. Иако Олешки се наоѓа веднаш преку реката Днепар од Херсон, кој е под украинска контрола, планираната маршрута за евакуација до украинска територија минува низ Русија и низ нејзиниот сојузник Белорусија.

Патиштата предвидени за евакуација биле исчистени од мини. Според руската комесарка за човекови права, Јана Лантратова, биле подготвени 25 автобуси со вкупен капацитет од 750 патници, девет амбулантни возила и повеќе од 50 медицински работници за да им помогнат на жителите да го напуштат градот.

И украински претставници потврдија дека се на терен.

„Во Олешки сме! Сега разговарам со жителите на терен за да дознаам какви се нивните потреби и да разберам каква помош им е најпотребна“, соопшти украинскиот народен правобранител Дмитро Лубинец, додавајќи дека примирјето веќе траело повеќе од 80 часа.

Руските сили го зазедоа Олешки во раната фаза на инвазијата во 2022 година, а борбите оттогаш предизвикаа огромни разурнувања во градот. Пред инвазијата, Олешки имал повеќе од 20.000 жители, но сега се проценува дека во градот останале околу 2.000 луѓе. Тие преживуваат со многу мали количества жито и диви растенија што можат да се јадат.

Канцеларијата на првата дама на САД соопшти дека таа дознала за тешката состојба во Олешки за време на собир на Обединетите нации во септември. Меланија Трамп ги искористила контактите што ги воспоставила преку своите напори за повторно обединување на украинските деца со нивните семејства за да помогне во постигнувањето на примирјето. Двете страни се заблагодарија за нејзиниот придонес.

Примирјето беше објавено на 23 октомври, а стапи на сила во вторникот. Треба да заврши во недела во 22:59 часот по киевско време.

На прашањето дали ова примирје може да послужи како модел за прекини на огнот на други места, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во понеделникот одговори дека тоа „апсолутно е можно од хуманитарни причини“.

Тој додаде дека тоа е особено важно поради „директното, исклучително позитивно и координирачко учество на американската страна – американските преговарачи и првата дама на САД, Меланија Трамп – во овој процес“.

„Многу ги цениме овие напори и, секако, ова може да стане преседан“, рече Песков.

Надвор од ова подрачје со релативен мир, војната продолжи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Струга е нов лидер во ПМФЛ: Малески со мајсторија со глава ја урна Шкендија

Струга Трим Лум го доби дербито против Шкендија со...

Ландо Норис со пол-позиција во Бразил

Ландо Норис ја освои пол-позицијата за Големата награда на...

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ

Нетипично е да има медијатор меѓу земја членка Европската...