Околу 500 деца од цела Македонија на заеднички Божикен ручек во организација на ДА „За сите деца од светот“

Date:

Децата да се почитуваат помеѓу себе, да нема дискриминација и насилна комуникација, да преовладуваат љубовта и толеранцијата, а општеството тоа да им го овозможи, е мотото на годинашниот традицинален Божикен ручек наменет за околу 500 деца од цела Македонија, а кои припаѓаат на ранливите категории.

Имаме гости од Скопје, од Тетово, од Штип, од Струмица, од Охрид, од Битола. Дечињата се среќни, среќни сме и ние како организација што оваа традиција продолжува со надеж дека оваа година ќе ни биде уште посреќна, а лошите мигови ги оставаме зад нас“, истакна Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

„И самиот Бог бил најпрвин дете, а дури потоа станал човек. Затоа децата му се особено мили на Бога. Заради нивната чистота, искреност и човекољубност. Затоа, ние треба да учиме од децата“, порача митрополитот Петар, благословувајќи ја заедничката празнична трпеза.

Навистина, Божик не го личи без деца, особено ако веќе Христос Спасителот, Синот Божји кој од преголема љубов кон човечкиот род да го спаси човекот поскал да стане и Он човек, ама не можел да стане човек без да стане прво дете. И токму заради тоа се родил од утробата на Пресвета Богородица и поживеал со луѓето и ги научил како и во што да веруваат, а исто така ни покажал и нам дека и ние ако не бидеме како овие деца незлобиви, нема и ние да го наследиме Царството Hебесно“, кажа митрополитот г. Петар.

Локалната самоуправа од Прилеп, овој празничен богоугоден чин, го поддржа со донација од 500 колетчиња кои на присутните мали гости им ги подели градоначалникот, Борче Јовчески.

Останува да ги поздравиме и да им посакаме и оваа година во нивните семејства да царува радоста, расположението и среќата“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Секоја година се обидуваме да бидеме се’ поактивни повеќе луѓе да бидат вклучени за да разберат дека има повеќе категории на луѓе и се додека ние не ги прифатиме сите категории, ние не сме луѓе“, – вели Ива Парапански од Ученичкиот парламент при Гимназијата „Мирче Ацев“ – Прилеп.

Божикниот ручек оваа година се организираше по 17-ти пат, а организатор е ДА „За сите деца од светот“, потпомогната од бројни спонзори и компании. Годинава, највисокото меѓународно признание „Ореден за носител на мирот“ и’ беше доделено на Компанијата „Кромберг и Шуберт“ од Битола.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...