Порано ние имавме три изборни единици надвор од Македонија, тоа беа Австралија, Европа и Америка кадешто добивавме пратеници, но изборниот законик е сменет и сега за да добиеме пратеник, ценсузот е многу висок и треба да се пријават некаде над 5.600 гласачи да се пријават за гласање, потоа треба еден од кандидатите за да стане пратеник треба да има минимум гласови колку што има гласови избран пратеник во Македонија, така што условот во Собранието да влезе пратеник од иселениците е сведен речиси на минимум, рече Слободан Близнаковски во интервју за Слободен Печат.
Таквиот изборен модел, но и проблемот со документите што ги имаат дел од иселениците, се причините според Близнаковски поради кои е намален интересот на дијапсората да се регистрира за гласање на изборите.
„Од она што ми е познато наши пријавени иселеници за гласање се некаде околу 3.000 кои ќе можат да гласаат на претседателските избори, но и од тие 3.000 ќе можат да гласаат некаде околу 2.600 лица, а останатите 400 по разни основи не може да гласаат. Нешто што нашите иселеници не го знаат е тоа дека доколку во нивните патни исправи пишува дека живеат надвор од Македонија нема да можат да го остварат правото на глас бидејќи немаат постојана адреса во Република Македонија. Дел од иселениците кои се втора и трета генерација немаат македонски патни исправи, а дел едноствано не сакаат да учествуваат во изборите и политичките процеси откако се смени уставното име на државата“ посочи Близнаковски.



