О’Калахан постави нов неверојатен рекорд на светското првенство

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

По трите светски рекорда кои паднаа уште на првиот ден од пливачките дисциплини на Светското првенство во Фукуока, поставен е уште еден најдобар резултат во историјата.

Моли О’Калахан, практично, вторпат урива рекорд, откако во неделата соборија еден со своите колешки од австралиската штафета (4х100 слободно). Сега беше најбрза на 200 метри слободно, допирајќи ја целта за 1:52.85, што е за 13 стотинки побрзо од досегашното најдобро време во историјата, на Италијанката Федерика Пелегрини, испливано пред 13 години. Ариарне Тајтмус, исто така од Австралија, заврши на второто место, а бронза освои Канаѓанката Самер Мекинтош.

Ова беше единственото женско финале на овој четврти пливачки ден од Светското првенство во водни спортови. Во машките, светски рекорд можеби се очекуваше од Кинезот Чин Хаујанг, на 50 метри градно, но и без такво достигнување тој го освои златото (со време 26.29) и го обедини со тоа од 100 метри градно, заслужено завчера. Чин беше главниот фактор за триумфот и на кинеската штафета на 4х100 метри мешано, со што го собра третиот златен трофеј од Фукуока.

Вторпат во само неколку дена светски првак стана и Французинот Леон Маршан, овој пат на 200 метри пеперутка (1:52.43), откако во неделата постави нов светски рекорд на 400 метри мешано. Денот беше златен и за Тунижанецот Ахмед Хафнуи, кој ја освои титулата на 800 метри слободно.

Од македонските претставници, утрово пливаа Миа Блажевска Еминова и Никола Ѓуретановиќ. Делницата од 50 метри грбно, Блажевска Еминова ја мина за 30 секунди и 41 стотинка, завршувајќи петта од 10 пливачки во својата квалификациска група. Ѓуретановиќ, пак, забележа време 2:13.17 на 200 метри мешано, шести од девет пливачи во квалификациската трка 2. 

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од...

Песков: Украина може да влезе во ЕУ, но не и во НАТО

Кремљ денеска објави дека суверено право на Украина е...

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ продаден во голем број земји ќе се прикажува и во Австралија

Македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги Унковски...

60 отсто од граѓаните го поддржуваат процесот на зачленување на Македонија во ЕУ

Над 60 проценти од граѓаните на Македонија продолжуваат со...