Од 36 истраги за Западен Балкан, 18 за Македонија – ОЛАФ со извештај за злоупотреба на европските фондови

Date:

Европската канцеларија за борба против измами ОЛАФ, која е одговорна за ревизија на фондовите за земјите-членки на Европската Унија (ЕУ) и другите земји кориснички на тие фондови, отвори 36 истраги за земјите од Западен Балкан. Тие истраги се соопштува дека биле спроведени во текот на изминатите пет години, од 2017 до 2022 година.

Според податоците објавени во годишните извештаи на ОЛАФ, земја со најголем број на истраги започнати за Западен Балкан е Македонија, пишува „Еуроњуз Албанија“. Според податоците на ОЛАФ, од 36 истраги покренати за земјите-кориснички на фондовите на ЕУ од Западен Балкан, 18 од нив се однесуваат на Македонија. Од започнатите истраги, ОЛАФ доставила седум препораки до европските институции и македонските власти.

Втората земја со најголем број на истраги започнати во регионот е Србија, при што ОЛАФ отвори девет истраги и состави четири препораки. Во Босна и Херцеговина се покренати три истраги, а поднесени се две препораки, додека на Косово се покренати три истраги и една препорака.

Во однос на Албанија отворени се вкупно две истраги, меѓу кои и онаа од 2021 година за земјоделски фондови. На дното на листата на ОЛАФ, со само една истрага, е Црна Гора. „Еуроњуз Албанија“ пишува дека исто како што истрагата може да се заклучи без да се идентификуваат виновниците, исто така може да доведе до тоа земјата-корисничка да мора да го врати сомнителниот злоупотребен дел од средствата.

Во случаите каде што се евидентни злоупотреби, списите на случајот се предаваат на релевантните органи за спроведување на законот од соодветните земји за покренување кривични истраги. Исто така, постои јасна корелација помеѓу напредокот на една земја во нејзината европска кандидатура и бројот на истраги иницирани. Колку повеќе се приближува една земја до членство, толку повеќе се зголемуваат европските фондови, а следствено, се зголемува можноста за злоупотреби.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс со супер-пресврт го победи Шкупи, Шкендија триумфално со Беса, победа и на Работнички

Шкендија и Силекс ја продолжуваат активно битката за титула...

Време е за плеј-оф: Може ли некој да го детронизира Бостон?

Со четири натпревари вечерва ќе стартува плеј-офот во новата...

Печени ребра со компири

Печените ребра со компири се вистински специјалитет кој можете...