Денес стабилно време, од утре врнежи од дожд и пад на температурите, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Според УХМР, денес ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини.
За време на викендот ќе дува засилен ветер од јужен правец, а од утре под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.
Од понеделник дневните температури ќе бидат во опаѓање.