Милан Поповиќ на македонската и на балканската јавност ѝ е познат како поранешен партнер на Северина со кого таа го има синот Александар и со кого со години води судска битка за старателство.

Милан важи за мошне приватна личност, која се труди што е можно помалку да зборува за сопствениот живот, но сепак во српските медиуми досега повеќепати биле објавувани информации за него.

Во една пригода Милан откри дека бил роден во Вршац и дека со татко му живеел на мала фарма.

Немавме многу. Бевме сиромашни, како и повеќето луѓе. Сврзувавме крај со крај“.

Откако завршил електротехничка школа во Србија, тој заминал на студии по бизнис во Швајцарија. Според изјави на негови блиски, таму работел како такси возач за да може да се издржува.

Во тој период се спријателил и со еден брокер за метали од компанијата „MРK“. Додека се дружеле, Милан ја користел секоја можност за да му уфрли некоја своја бизнис идеја, а неговиот пријател брзо сфатил дека Милан поседува високи интелектуални капацитети, па му договорил интервју за работа во компанијата каде што работел.

Среќна околност било тоа што во тој период Москва се отворала како пазар, па странските компании вработувале Срби, затоа што многу брзо го совладувале рускиот јазик.

Така, Милан добил вработување во компанијата и почнал директно да соработува со Игор Алтушкин, руски трговец со метали.

Набрзо Милан сфатил колкав потенцијал поседува, па дал отказ во компанијата каде што работел и основал своја фирма која директно соработувала со огромната компанија на Алтушкин.

Се зборува дека татко ми е генерал. Тоа не е точно. Тој не беше бизнисмен кој соработуваше со Русија. Јас своите бизнис и имот ги заработив со своите труд и снаодливост. Никому не сум должен за тоа, но тоа се животни лекции што ми помогнаа. Немав што да изгубам. Одев со целото срце кон целта“, изјави Милан.

Тој во една пригода откри дека стравот од немаштијата можеби бил клучен за да остане посветен на целта и да не се предава, а самиот тврди дека никогаш не се занимавал со криминал и нечесна работа.

Во 1996 година Милан станува дел од московскиот џет-сет. Тешко заработените милиони почнува да ги вложува со ресторани и ноќни клубови за високата класа, а на тој начин стекнува нови бизнис контакти.

Авионите, јахтите и најскапиот шампањ му стануваат секојдневие, а полека почнува својот бизнис да го шири и во Доминиканската Република и во САД. Во Белград купил апартман на атрактивна локација, каде што почнал постојано да прави забави, поради што почнале да го нарекуваат „кралот на бакарот“.

Милан долго време важел за авантурист и плејбој, сѐ до 2010 година кога на неговата роденденска прослава пеела Северина Вучковиќ. Тие двајца набрзо почнале романтична врска, а на едно од нивните патувања, Милан дури и ѝ дал веренички прстен на Северина.

Четири месеци подоцна, пејачката објави дека е бремена со синот Александар, кого го добија во 2012 година, а во 2013 година се разделија.

Кај нас не беше прашање дали се сакаме, се сакавме многу, не можеш да го откронеш срцето од градите, но самите знаете дека љубовта не е доволна. Ние сме целосно различни“, изјави Северина по разделбата.