Од понеделник во градинките нема да се примаат невакцинираните деца со ди-те-пер

Date:

Од понеделник (11 март) ќе биде забранет прием во градинките на деца кои не се се вакцинирани или се нецелосно вакцинирани со ДиТеПер вакцината, соопшти Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Оттаму велат дека денеска ја добиле одлуката од министерот за здравство Илир Демири врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, која ја најави на 6 март, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер.

„Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11 март со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со ДиТеПер, и други наложени епидемиски мерки. Исто така ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДиТепер. Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје“, соопшти ДСЗИ.

Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. Од тогаш се бараат вакцинални потврди, но до денес немаше забрана за прием на невакцинирани или нецелосно вакцинирани деца.

Министерот за здравство на 6 март кажа дека ги прифаќа препораките на Комисијата за заразни болести (КЗБ) за спречување на ширењето на голема кашлица (пертусис) и дека ќе донесе одлука со која на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) ќе му наложи да врши вонредни инспекциски надзори, односно увид во вакциналните потврди во градините за примена вакцина против голема кашлица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...