Од Македонија се бара оштета од 110 милиони долари за контроверзниот проект за Шпанските скали кој е поништен

Date:

Албанска компанија ја тужи Македонија во Меѓународниот центар за разрешување спорови во Вашингтон и бара 110 милиони долари отштета поради стопиран проект во центарот на Скопје.

Најнов спор за арбитража против државата е отворен во јули во меѓународниот суд во Вашингтон. Албанската компанија Амадеус груп бара 110 милиони долари отштета од Македонија бидејќи смета дека не и дозволиле да го изградат проектот Шпански скали на скопскиот плоштад.

Контроверзниот проект веќе е поништен, а за зделката е обвинет екс министерот Миле Јанкиески и десетина вработени во државната администрација.

Централната локација во Скопје каде требаше да се изградат шпанските скали сега е дел од арбитражен спор кој албанската Амадеус груп го покрена пред Меѓународниот суд во Вашингтон. Албанската компанија бара од државата отштета од 110 милиони долари (околу 100 милиони евра).

Спорот бил заведен минатиот месец, затоа што Амадеус груп смета дека државните и локалните институции во Македонија им го закочиле планот за изградба на хотел и трговски центар на плоштадот во Скопје.

Амадеус груп на јавни лицитации во 2012-та година купи две локации од државата, една за шпанските скали во центарот, втора за хотел на плац под Калето и покрај Вардар.

Амадеус груп според написот во специјализираното списание Global Arbitration Review, во тужбата смета дека добила првични дозволи за проектот, а потоа почнало противење на општината, за која тврди дека индиректно и директно извршила експропријација на нивната сопственост и ја спречила изградбата.

Шпански скали е веќе поништен проект во ДУП-от за Плоштадот и тоа го донесе општина Центар откако ја укина дозволата поради доцнење на изградбата.

Дополнително за случајот е покренато обвинение против Миле Јанакиески кој како министер за транспорт и врски ја потпишал купопродажбата на земјиштето на скопскиот Плоштад во вредност од 1,5 милиони евра, а обвинети се уште десетина вработени во комисиите на министерството.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...