Од денеска започнува враќањето на личните предмети од пожарот во „Пулс“

Date:

Речиси една година по трагичниот пожар во т.н кабаре „Пулс“, Одделението за внатрешни работи (ОВР) Кочани ги известува граѓаните дека започнува постапката за враќање на личните предмети пронајдени на местото на настанот.

Сите повредени лица, членови на семејствата на починатите, како и посетителите кои биле присутни во објектот на 16 март 2025 година, можат да ги подигнат предметите.

Просториите на ОВР Кочани на улицата „Тодосија Паунов“ бр. 12, од каде што ќе може да се подигнуваат предметите, ќе бидат отворени од денес до петок во периодот од 9 до 18 часот.

Предметите кои беа предмет на обработка при увидот по пожарот вклучуваат лични работи што им припаѓале на настраданите и посетителите.

Меѓу предметите што ќе се враќаат се мобилни телефони, паричници, накит, часовници, чанти, облека и обувки.

„Враќањето ќе се врши по претходна идентификација од страна на сопствениците или од страна на блиски членови на семејствата на починатите лица“,наведуваат од ОВР Кочани.

Во пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

За пожарот во Пулс се обвинети 35 физички и три правни лица. Меѓу нив се сопственикот на „Пулс“, негови блиски, инспектори на државни институции, поранешни министри и припадници на агенцијата што го обезбедувала т.н. кабаре и нејзиниот сопственик.

На почетокот на судскиот процес сите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни и ја оспорија тезата на одбраната дека има каузална, односно причинско-последична врска помеѓу нивните дејствија и причината за смртоносниот пожар.

Судењето ќе го води судијката Диана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

На последното рочиште сведочеа Ана Костадиновска, придружен вокал на групата ДНК и редовен професор во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и музичарот Горан Тонев, кој настапувал со групата ДНК како гитарист.

Тонев во сведочењето рече дека пожарот настанал над бината и се ширел екстремно брзо, а во просторијата било топло и имало густ чад додека сунѓерите од плафонот се топеле и од нив паѓале црни капки.

Костадиновска рече дека додека ја изведувале песната „Што сака нека биде“ на самиот рефрен се вклучиле прскалките.

„Ништо не беше неочекувано оти на оваа песна секогаш се палат. Почувствував топлина и инстинктивно погледнав нагоре. Панчо повика да излеземе, но никој од нас не ја сфати сериозно ситуацијата“,рече таа.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Луда маратонска трка, го победи ривалот за 0,01 секунда

Маратонот што се одржа во Лос Анџелес веројатно ќе...

Победа на Вардар и реми на Шкендија во ПМФЛ

Лидерот на табелата Вардар постигна победа од 1:0 на...

Рецепт за кус кус со печурки и праз: Превкусен посен појадок

Време е на велигденските пости, а овој појадок можете...

Две држави би можеле да преживеат НУКЛЕАРНА ВОЈНА, Австралија и Нов Зеланд

Во случај на глобална нуклеарна војна, т.е. во крајниот,...