Командант Форина нов технички премиер на Македонија, од воен дезертер од Армијата токму на Македонија, до командант во УЧК, па преку собраниски спикер до највисоката политичка позиција во државата против која се бореше во 2001-ва година, пренесува ТВ Алфа.
Тоа е Талат Џафери, наследникот на Димитар Ковачевски и технички премиер на Македонија, најмалку во наредните 100 дена.
Неговиот политички раст почнува веднаш по крајот на воениот конфликт. На 28 април, денот кога е извршен масакрот кај Вејце тој бил висок офицер во АРМ и дежурен командант во касарната во Тетово. Неколку дена подоцна ја напушта армијата и им се приклучува на албанските герилски единици, кои се бореа против македонските безбедносни сили, за неговите активности во овој период не се знае речиси ништо.
По крајот на конфликтот влегува во ДУИ и во три наврати од 2002-ра до 2004-та, од 2008-ма до 2013-та и од 2014-та до 2016-та беше пратеник во Собранието. Пратеничките денови на Џафери најмногу остануваат запаметени по неговото однесување околу законот за македонските бранители, каде своето незадоволство го покажуваше земајќи збор на седниците каде читаше поезија или долго молчеше.