Од вербална расправија до пукање: Свирепо убиство во Боговиње

Date:

Страшни сцени од тетовското село Боговиње. Од вербална расправија стигнало до пукање и свирепо убиство. Едно лице е убиено, а МВР веќе ги соопшти деталите за оваа трогателна сцена од Боговиење.

Застрелан е 47 годишен маж

Според информациите застрелан е 47 годишен маж со иницијали А.Ј. На тоа претходела расправија, а со оружје тој го убил лицето.

Уапсен е убиецот

Само 15 минути подоцна полицијата го фатила осомничениот за извршеното убиство, а тој бил видно вознемирен. Во неговиот автомобил марка БМВ била пронајдена и пушка, а со истата тој го убил сограѓанинот. Убиецот со иницијали М.М е на возраст од 50 години.

Се огласија од МВР

Од МВР ги соопштија деталите за убиството во Боговиње.

„На 02.06.2024 година во 10.30 часот на улица „Цветан Димов“ припадници на полицијата од СВР-Тетово го лишиле од слобода лицето М.М.(50) од Боговиње, Тетово, кој управувал „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки. Тој е осомничен дека околу 10.15 часот со огнено оружје го убил А.Ј, велат од СВР Тетово.

Обвинителството изнесе детали за убиството што утрово се случи во угостителски објект во Боговиње.

Од тука велат дека бил извршен увид, а убиецот е идентификуван и приведен. Кај него е пронајдено и оружјето со коешто го извршил делото.

Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица.

„Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука“, велат од Обвинителството.

Издадена е наредба за обдукција на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место.

Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...