„Оди избањај се“ – Машин Ган Кели мета на критики откако покажа дека со црна боја ги прекрил тетоважите

Date:

„Ова е нешто најглупаво што сме го виделе“ – коментираат следбениците на Машин Ган Кели, кој се пофали дека за духовни цели ги прекрил старите тетоважи со црна боја, а на градите оставил само огромен крст.

Откако пред извесен период неговата свршеница Меган Фокс ја покажа новата тетоважа која се протега на нејзината рака, и Машин Ган Кели се пофали со нова уметност на телото. Тој целосно ги прекри тетоважите во горниот дел од телото.

odi-izbanjaj-se-mashin-gan-keli-meta-na-kritiki-otkako-pokazha-deka-so-crna-boja-gi-prekril-tetovazhite-02_copy.jpg

Машин Ган Кели на Инстаграм се пофали со новата тетоважа, која го опфаќа целиот горен дел од неговото тело. Музичарот одлучи целосно да ги прекрие старите тетоважи и остави само неколку делови низ кои „ѕиркаат“ старите цртежи по неговото тело.

Сега целиот горен дел е прекриен во црна боја, а на градите има огромен крст.

„Ова е само за духовни цели“ – напиша до фотографијата.

Но, неговите следбеници не се импресионирани од неговото ново уметничко дело, а некои дури тврдат дека тетоважата е лажна.

„Лажеш брат, оди избањај се и врати се да те видиме“;

„Сигурно за оваа тетоважа си седел 763 часа“;

„Изгледаш како дете што го оставиле само со црн фломастер“;

„Изгледаш како да носиш кроп топ“ – стои во дел од коментарите на социјалните мрежи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија во силна група на ЕП, на мегдан со непобедливата Данска

Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Европското...

НБА: Минесота го елиминираше Голден стејт за финале во Западната конференција

Кошаркарите на Минесота успеаја да победат дома против ослабените...

Атанас Петров со нов сингл „Манири“ – свежа енергија и модерен звук

Со децениска музичка посветеност и искрена љубов кон сцената,...

Блејк Лајвли, наводно, ѝ се заканувала на Тејлор Свифт за јавно да ја поддржи во судскиот спор

Блејк Лајвли, наводно, се заканувала дека ќе објави срамни...