ОДДАДЕНА ПОЧИТ НА ЗАГИНАТИТЕ КАЈ ЉУБОТЕНСКИ БАЧИЛА

Date:

За нас 10 август не е само датум, тоа е ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите македонски бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација. Нивната љубов нека остане вечен пламен што сите ќе нѐ обединува. Денес повеќе од кога било, наша обврска е да ја чуваме вистината за нивното дело, порача Александар Стојкоски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, на централната комеморативна манифестација кај споменикот на паднатите бранители во селото Волково организирана од Општината по повод 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила.

Како што истакна Стојкоски, подвигот на бранителите не е само дел од историјата, туку претставува вечен завет – со храброст, чест и љубов кон Македонија.

– Овој споменик секогаш сведочи за храброста, пожртвуваноста и љубовта кон татковината на нашите сожители Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Димоски, Томислав Настевски и Ацо Ангеловски, како и на нашите браќа Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Марјанчо Бошковски, Бранко Јанев, кои во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила ги положија своите животи бранејќи ја државата, нејзиниот мир, достоинство и слобода. Да зборуваме за овие јунаци во нашите домови, да ги спомнуваме во училиштата, да ги воспитуваме младите да знаат дека слободата што денеска ја живееме има своја цена и свои жртви. Како Општина ќе продолжиме достинствено да го негуваме споменот на нашите херои, не зашто тоа е наша должност, туку зашто е и наша чест, зашто народ што ги почитува своите херои има иднина, народ што ги заборава го губи сопствениот идентитет. Да ја чуваме Македонија обединети и достоинстевни и да не дозволиме жртвата на бранителите да избледи во времето – нагласи градоначалникот.

Тој на семејствата на загинатите бранители им вети дека нивните имиња нема никогаш да исчезнат од македонската колективна меморија. Градоначалникот изрази благодарност до сите припадници на АРМ и на безбедносните сили.

Чествувањето на 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста Љуботенски Бачила, започна со положување цвеќе кај спомен-обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во Општина Ѓорче Петров.

Почит на бранителите им одадоа претставници од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, предводени од началникот на ГШ, генерал-мајор Сашко Лафчиски, како и делегација од Владата составена од министрите за транспорт, образование и наука и за земјоделство Александар Николоски, Весна Јаневска и Борче Серафимовски. На церемонијата беше и делегација на здружението на бранители на Македонијa, здружението на воени ветерани и воени инвалиди – „Братство 2001“, здружението на борците на Општина Ѓорче Петров, здружението на пензионери на Општина Ѓорче Петров, како и делегации на ВМРО-ДПМНЕ – Општински комитет Ѓорче Петров, на Општинската организација на СДСМ, на Либерално демократска партија, Движењето „ЗНАМ, Социјалистичката партија, Левица, Општинската организација на ДОМ – Ѓорче Петров, како и претставници на семејствата на загинатите бранители, роднини и пријатели.

На 10 август 2001 година со воено товарно возило на патот кон месноста Љуботенски Бачила при активирање на мина животот го загубија осум припадници на резервниот состав на Армијата: Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски. На овој ден се оддава почит и на Ацо Ангеловски кој во 2000 година загина во Арачиново при вооружен напад врз полициска патрола.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

DRAGAN BOGDANOVSKI – GOYKO YAKOVLEVSKI’S FRIEND – PART I (51)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN Little...

НАФТАТА ДОСТИГНА 108 ДОЛАРИ ЗА БАРЕЛ, гасот над 1.000 долари

Цените на нафтата денес се искачија над 108 долари...

Рокас: Посетата на Фон дер Лајен може да го забрза европскиот пат на Македонија

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, најави...