ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЛИНДЕН 1903-2003 И МАКЕДОНСКИТЕ ИСЕЛЕНИЦИ“ НА СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ – КАТИН
Одгласите за Илинденското востани биле големи во различни кругово во светот, особено во печатот. Така, Сер Едвард Бојл, претседател на Лондонското друштво за Блискиот и Средниот Исток, во списанието „Контемпорери Ревју” (Contemporary Review), од јуни 1927 година, напишал меѓу другото, „Борбиге на Македонците се еден стремеж кон слобода на еден јасно способен и светски народ.”
„Македонија не познава ред” – напишал Жослар Годар, сенатор и поранешен министер и виден француски државник. „Тоа не е по нејзина вина. Можеме ли да ја обвиниме неа зашто се бори за својата независност, кога правото за самоопределување е високо прокламирано”,
Грчкиот висок дипломат Георгиос Чорбаџоглу, во еден свој извештај од Македонија за Илинденското востание вели; „Илинденското востание погрешnо се нарекува бугарско – истакнува тој, „ Во деновите на востанието не се вееше ни едно бугарско знаме, туку само знамето на македонската слобода. Во Централна Македонија нема ни една чиста бугарска чета или бугаро-македонска и ни еден бугарски војвода не успеал да ја зацврсти својата позиција и да ја продолжи својата мисија во името на бугарската идеја.”
Познатиот интелектуалец Владимир Сис во својата книга „Македонија” за Илинденското востание напишал: „Востанието од 1903 година е една од најосветлите страници во историјата на поробена Македонија. Тоа е најдобар доказ за аргументот дека во Македонија живее народ којшто национално е оформен…”.
Клофаш, еден од најдобрите познавачи на приликите на Балканот и на Македонија, во текот на своото балканско патување во март 1903 година ги поздравил македонските востаници со овие зборови: „Ве поздравувам вас смели јунаци од македонските планини. На вас мислам непрекинато. Ги гледам вашите стамени борци, цврсти во битките, војводи со лузни, добиени од тешките борби и битки, младите селани што очајот ги донел во планините меѓу комитите и црнокосите студенти, кои инспирирани од општиот тек на Револуцијата, ги заменија школските учебници со пушки”.
Во сите поранешни ЈУ – земји, во зависност однивната положба и состојба, печатот ја популаризирап ослободителната борба на Македонците и придонесувал да се развие зголемена промакедонска манифестација. Така, во Словенија се развила широка промакедонска агитација и собирна акција за помсш,
Симпатии, солидарност и сочуство со борбата и страданијата на Македонците биле изразени во Хрватска преку собирите и проширената собирна акција за помош на Македонците.
Во Србија голема агитациона акција за ослободителната борба на Македонците развиле Српската социјалдемократска партија. Биле организирани работнички митинзи во Белград и во внатрешноста на Србија во текот на август и септември 1903 година, на кои се изразувале солидарност и симпатии со македонската борба за слобода и се подвлекувало дека ослободувањето на македонскиот народ лежи, главно, во револуцијата и дека автономијата на Македонија во рамките на балканска федарација претставува единствено решение.
Печатот по правило, не спаѓа во редот на прворазредните историски извори. Меѓутоа, кога се работи за одреден печат и за одредена политичка средина, тој може да биде мошне значаен информатор за настани што го привлекуваат вниманието на современиците. Од таа гледна точка, во врска со големите денови на Илинденското востание, заслужува посебно внимание тогашниот европски печат.
Исто така, и францускиот печат од времето на Илинденското востание посветил посебно внимание. Така, весникот „La Тетрѕ” (Л’ Темпс), сериозен, мошне близок на француските официјални кругови претставувал значаен извор за нашата понова историја, посебно во времето на историските настани со Македонија во текот на 1903 година. Располагајќи со широка мрежа дописници во најзначајните центри на Отоманската империја, во малите балкански и големите европски држави, овој весник бил во состојба да ја известува француската јавност за се’ што се случувало во Турција, воопшто, и во Македонија посебно.
Македонското прашање како дел на фамозното источно прашање со децении го привлекувало вниманието на широката европска јавност и претставувало едно од најневралгичните прашања на тогашниот свет. Тоа секако била и причината што овој весник имал дури и посебна рубрика во која, речиси, секојдневно ги објавувал новините за револуционерните настани во Македонија во текот на последните години од XIX и почетокот на XX век.
Интересот на „La Тетрѕ” (Л’ Темпс), за настаните во Македонија пред, во текот и по Илинденското востание, очигледно бил извонредно зголемен. Бројни се и интересни информациите што тој ги соопштувап од свои дописници или пренесувал од други известувачи за текот на востаничките денови во Македонија.
Имајќи многу симпатии за возвишеното дело на македонските револуционери овој весник во текот на август 1903 година објавил, покрај многуте новини од Македонија и пет уводни статии во кои мошне достојно и со многу познавања на тогашните меѓународни односи, го разгледувал македонското прашање. Меѓу овие уводни статии, посебно внимание привлекувала статијата од 27, август 1903 година, под наслов „Грците”, во која извонредно остро го осудувапа непријателското држење на Грција кон ослободителното дело на македонските востаници. Потоа, статијата од 21 август истата година, во која со голема проникливост го анализирал држењето на Русија кон востанието и со голема сигурност заклучил дека востаниците ја немале поддршката на Русија и нејзината дипломатија.
Во Австрија зачуденост и сомнеж се изразувале во првите вести и коментари за избувнувањето на новото движење. Најавата на нови атентати на железниците некои весници го сметале за измама. Во своето вечерно издание „Ноје Фраје Пресе” (Nouе Frае Рrеѕѕ) на 3 август 1903 година од Цариград пишува: „Планирани атентати со динамит против солунската железница”. Добија писма датирани од Битола, испратени од членови на Комитетот, кои бараат укинување на сообраќајот, затоа што ќе биле извршени атентати. Заканувачките писма, се или измама или имаат за цел да го означат повторното отпочнување на засилена активност на комитетот и на тој начин да застрашуваат”.
На 6 август „Арбајтер цајтунг” (Arbeiter Zeitung) ги известува своите читатели за нападите на железничката пруга Солун – Битола и пренесува изјави на Портата дека во последните денови на разни пунктови во битолскиот и скопскиот вилает четите „започнале пак засилена актиvност”.
„Нојерс Винер Тагблат” (Neuers Winner Tagblat), односно неговото вечерно издание „Нојерс Винер Абендблат” (Neuers Winner Abendblant) ги соопштило првите вести за востанието на 7 август, нарекувајќи го „изненадно повторно распламтување на нередите во Македонија”.
И ,Дојчес Фолксблат” (Deutsches Wolksblat) констатирал: ,Денес одвај може да се зборува за „разбојништво”, оти тоа биле вистински борби што се воделе меѓу добро организираните сили на комитетите и турските трупи… Не биле повеќе расфрлани банди, туку една мапа, но како што изгледала добро организирана армија…”
Од Солун се јавил дописникот на ,Дојчес Фолксблат” (Deutsches Wolksblat) со констатацијата дека отоманската влада се наоѓала во паника.
„Востаниците се одлично вооружени, често со пушки Малихер. Селаните масовно им се придружуваат. Притоа востаниците ги чуваат своите сили, што значи дека движењето ќе потрае подолго”.
Прололжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН