Одбојкарската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во Европската златна лига и тоа во пресметката со Белгија во Скопје.
Нашиот национален тим важеше за аутсајдер на оваа средба, но на теренот сликата беше поинаква и популарните „спартанци“ со квалитетна, пожртвувана игра славеа со 3-1 во сетови.
Избраниците на Миленкоски го надиграа противникот во првиот сет со 25-21, додека во вториот имавме фуриозен финиш за 25-23 и водство од 2-0.
Третата рунда мина во знакот на гостите со 25-17, но веќе во наредниот сет се вративме во ритам и со 25-21 го заверивме триумфот во СЦ „Борис Трајковски“.
Наредната средба ни е исто на домашен терен против Хрватска на 3 јуни.
Претходно пак нашите одбојкарки го претрпеа вториот пораз во Сребрената европска лига и тоа од Летонија која триумфираше со 3-0.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]