Одбиена жалбата за притворот на Ѓорчевски – таткото на Вања

Date:

Поделен сум на два света. Едното дете е тука, другото ми го одземаа. Не ми е гајле кај ќе ја дочекам разрешницата, само да ја дочекам за да имам одлука за себе дали ќе продолжам на овој свет или оној кај другото дете. Ова го изјави Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања на јавната седница на Врховниот суд која расправаше по жалбата поднесена од неговиот адвокат Владимир Туфегџиќ за продолжениот притвор. На седницата Туфегџиќ побара укинување на притворот бидејќи како што рече 4 месеци тој е на превентивен притвор во кој не постои никаква индиција ниту доказ дека постои минимум сомнение според кој би можел да биде продолжен. Одлуката на Апелацискиот суд е во спротивност со Европската конвенција за човекови права, рече на седницата Туфегџиќ.

„Според мене како бранител во конкретниот случај се работи за класичен пример на превентивен притвор, тоа е недозволено. Јавниот обвинител треба да изнесе аргументи дека тој ќе се даде во бегство, а не оној реверзибилен односно обратен процес кој го поставува секогаш Јавното обвинителство како тема дека тој ќе се даде во бегство. Па дајте докази да видиме како тоа смета јавниот обвинител и кои се фактите и доказите дека осомничениот ќе се даде во бегство“, вели Владимир Туфегџиќ.

Обвинителката Наталија Тасевска на седницата рече дека  Апелациониот суд донел јасно и недовмислено решение за продолжување на притворот.

„Истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело грабнување. Притворениот може да влијае на сведоците затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани нема подоцна да ги сменат изјавите. Јавното обвинителство смета дека се уште постои причина за притворот поради тешкото кривично дело одземање млад живот и можно е тој да се даде во бегство, а воедно и може да влијае на сведоците и другите обвинети за да обезбеди подобра позиција“, вели Наталија Тасевска.

Врховниот суд сепак ја одби жалбата за укинување на притворот на таткото на Вања. Тој е осомничен дека давал информации на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо за движењето на неговата ќерка. Палчо е во екстрадициониот притвор во Турција и за сега се уште нема информации кога ќе се случи неговото испорачување во земјава. Инаку, вчера беше укинат притворот на Стефан Димовски кој беше осомничен за помагање на бегството на Палчо во Турција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Што се случува со Џастин Бибер? Пејачот се прошета по бањарка, изледа неуредно и депресивно

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер (30) повторно предизвика загриженост во јавноста...

Кевин Спејси повторно тужен за сексуално злоставување

Холивудскиот актер Кевин Спејси се соочува со уште една тужба за сексуално...

Колин Хувер се врати на „Инстаграм“ и ги избриша сите фотографии со Блејк Лајвли

Авторката на бестселерот „Завршува со нас“ Колин Хувер се...

На концерт на Шакира публиката скандира против Пике

Публиката на концертот на Шакира во Рио бурно скандирала против...