Деновиве се одбележува значаен јубилеј-30 години од воспоставување дипломатски односи на нашата татковина со Комонвелт Австралија.По тој повод Амбасадата на Австралија од Белград заедно со Конзулатот од Македонија организираа бројни културни манифестации во Скопје и Битола. Во Музејот на современа уметност (МСУ) вечерва беше отворена изложба со седум дела од дизајниран текстил во голем формат чии авторки се шест жени од женскиот центар „Бабара“ од регионот Манингрида во Австралија. На изложбата во МСУ присуствуваше Н.Е. амбасадорот на Австралија во Србија, со акредитации за Македонија и Црна Гора, Питер Трасвел.
Прославата продолжи во петок и во сабота во Кинотеката на Македонија, каде се прикажани два филма – „Домаќинство за почетници“ на македонско-австралискиот режисер Горан Столевски и комедијата „Дворска пепел“ на режисерот Марк Грентел.

Културните настани се одвиваа и во Битола каде на 30ти ноември се промовира мурал изработен од Австралискиот уметник Финтен Мегеј кој во близина на градскиот пазар на една зграда исцртува цветни мотиви посветен на бројните иселеници во Австралија кои потекнуваат од Битола и истиот е подарок од Австралиската амбасада во Белград по повод 30 години од воспоставувањето дипломатски односи.

Текст Зоран Трајковски специјално за МАКТЕЛ
Фотограф ПРОФОТО ЗДРАВКО-фото студио,лаб.и видео продукција



