Одбележан денот на Австралија со собири за поддршка на Абориџините

Date:

[et_pb_section fb_built=”1″ admin_label=”section” _builder_version=”3.22″ global_colors_info=”{}”][et_pb_row admin_label=”row” _builder_version=”3.25″ background_size=”initial” background_position=”top_left” background_repeat=”repeat” global_colors_info=”{}”][et_pb_column type=”4_4″ _builder_version=”3.25″ custom_padding=”|||” global_colors_info=”{}” custom_padding__hover=”|||”][et_pb_text _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]

Илјадници Австралијци денеска го одбележаа националниот ден со собири за поддршка на припадниците на домородното население, од кои многумина ја опишуваат годишнината од влегувањето на британската флота во пристаништето во Сиднеј како „Ден на инвазијата”.

Националниот празник на Австралија на 26 јануари го означува датумот кога британската флота заплови во пристаништето Сиднеј во 1788 година за да основа казнена колонија, сметајќи ја земјата ненаселена и покрај присуството на домородна заедница.

Голем собир се одржа во Сиднеј, во Нов Јужен Велс, но и во други големи градови низ Австралија.

Во својот говор по повод Денот на Австралија, премиерот Ентони Албаниз за време на церемонијата на подигнување на знамето им оддаде почит на Абориџините кои, според некои проценки,  ја населуваат земјата најмалку 60.000 години.

– Да ја почитуваме уникатната привилегија што го споделуваме овој континент со најстарата непрекината култура, рече Албаниз. Но, тој додаде дека иако ова е „тежок ден” за домородните Австралијци, датумот на националниот празник нема да се промени.

Според годишната анкета на Рој Морган, две третини од Австралијците го поддржуваат 26 јануари како национален ден, додека останатите го гледаат датумот како „Ден на инвазијата”.

Многу демонстранти на собирите во неколку градови беа облечени во црно во знак на жалост, а некои носеа знамиња на Абориџините и натписи „Промени го датумот”.

Минатата година, на 26 јануари, во Мелбурн, споменикот на капетанот Џејмс Кук, кој пристигна во Тихиот Океан пред 253 години, предизвикувајќи британска колонизација на регионот беше испрскан со црвена боја.

[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Не очекува ли енергетска криза – Формирана комисијата за следење на снабдувањето со електрична енергија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини формираше Комисијата...

Иницијатива на регионалната стопанска комора во Прилеп и Битола за брендирање локални производи

Регионалната стопанска комора од Прилеп и Битола ја формираше...

Стапката на невработеност во Македонија е 12,3%, невработени блиску 100 илјади лица

Стапката на невеработеност во третото тримесечје од 2024 година...

Хотелските капацитети за новогодишните празници се очекува да бидат исполнети околу 70 отсто

Околу 70 отсто од хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера...