Огромно количество ураниум исчезнало во Либија

Date:

Во Либија веќе не може да се најдат два и пол тони ураниум. Според соопштението на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), материјалот „не е таму каде што властите велат дека треба да биде“.

Инспекторите на Агенцијата за атомска енергија на ОН (МААЕ) утврдија дека исчезнале околу 2,5 тони природен ураниум во Либија од местото каде што биле складирани, а кое не е под владина контрола, им соопшти агенцијата на државите членки.

Исчезнувањето на ураниумот е утврдено со инспекција која била планирана за 2022 година „но, морала да биде одложена поради безбедносната ситуација во регионот“ и е извршена во вторникот, соопшти генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси.

Инспекторите на МААЕ „утврдија дека исчезнале 10 контејнери со приближно 2,5 тони природен ураниум кои претходно ги пријави Либија на таа локација“, се вели во соопштението на ИАЕА.

Агенцијата наведува дека ќе спроведе „други активности“ за да ги утврди околностите на отстранувањето на ураниумот од местото каде што бил складиран, но не ја именуваше локацијата.

Исчезнувањето на нуклеарниот материјал може да значи радиолошка опасност и оправдана загриженост за безбедноста, предупредува МААЕ. Се додава дека доаѓањето до тоа место би можело да биде опасно и оти воопшто да се дојде на таа локација е потребна „сложена логистика“.

Во 2003 година Либија, во која тогаш на власт беше долгогодишниот лидер Муамар Гадафи, се откажа од својата програма за нуклеарно оружје, а претходно имаше набавено центрифуги за збогатување на ураниум како и нацрти за изградба на нуклеарна бомба во што не напредуваше многу.

Либија не доби мир ни откако Гадафи беше соборен од власт со помош на кампањата на НАТО во 2011 година. Од 2014 година политичката контрола во земјата ја имаат две сопернички фракции.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПРИМЕНА НА „КОСИОТ БОРБЕН СТРОЈ“ НА ГРАНИК – НА ПРВАТА БИТКА СО ДАРИЈ (46)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ГРАНИК – ПРВАТА БИТКА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ СО ДАРИЈ ВО ПЕРСИЈА (45)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ВОЕНИ ПОДГОТОВКИ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА НАПАД НА ПЕРСИЈА (43)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

ПОДГОТОВКИТЕ НА ГОЛЕМИОТ АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ЗА ПЕРСИСКАТА ВОЈНА (42)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...