ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН – ЖИВОТ И ДЕЛА“
Публикацијата „Огледало“, (2023), е дело на „Македонска искра“, печатенона 140 страници и претставува дел од значењето на добивањето на Славе Катин на престижната „Награда за животно дело 2022“ на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) од Вашингтон, САД. Делото ги содржи главните настани и собитија за наградата која од Република Македонија ја добиле Киро Глигоров и Славе Катин
Меѓутоа, уште на почетокот се вели дека и покрај силната желба на Славе Катин да ја прими наградата во Македонија, од здравствени причини и негово отсуство, наградата ја примија неговата ќерка Дафинка Катин Скатоца и внуката Изабел Катин Скатоца, кои живеат во Рим.
Во продолжение е дадено писмото од ОМД во кое, меѓу другото се вели: „Наше задоволство и голема привилегија е да ве информираме дека Обединетата македо–нска дијаспора (ОМД) од Вашингтон реши да ја додели нашата „Глобална награда за животно остварување на ОМД за 2022 година на Славе Катин“. Со задоволство ќе ви ја доделиме оваа награда лично на нашата 5-та глобална конференција на ОМД во Скопје, Македонија, која ќе се одржи во јули 2022 година“.
Во текстот за организацијата Обединетата македонска дијаспора е забележано дека таа е врвна меѓународна, невладина асоцијација чија главна цел се интересите и потребите на луѓето со македонско потекло и македонските заедници ширум светот. ОМД не е паралелна организација на никоја друга организација и не сака да биде видена како паралелна.

Членовите на оваа организација се среќни и задоволни што вратите во САД, Канада, Австралија и Европа и’ се отворени за комуникација и дијалог. ОМД, чиј член е и авторот на овие редови, активно работи.
Посебно место во публикацијата е посветенено на претседателот на ОМД, Мето Колоски. Занего, меѓу другото се вели дека името и делото на познатиот Македонец од главниот град на Соединетите Американски Држави, Вашингтон е заслужен за големите постигнувања на ОМД од Вашингтон за одбрана на името и вистината за Македонија и македонскиот народ, особено за македонските иселеници ширум светот.
Исто така во публикацијата е даден текст за Гордан Јорданов, директорот на ОМД за Македонија и Европа, се вели дека Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – која претставува водечки глас за Македонците во странство, со седиште во Вашингтон и оперативна на три континенти – го ангажираше Гордан Јорданов како нејзин нов директор за Македонија кој ќе биде со седиште во Македонија.
Посебен простор е посветен на добитниците на „Наградата за животно достигнување“ од кои претседателот на Република Македонија Киро Глигоров и Славе Николовски-Катин се од Република Македонија, додека Џон Битов и Џеимс Сандерс се од Канада, а Џорџ Атанасоски, Луј Влашо и Атанас Коларовски се од САД, а Мик Веловски е од Австралија.
Промоција:
Првата промоција на делото „Огледало“ беше успешно организирана од Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, кое е во состав на Катедралната македонската православна црква “Свети Климент Охридски”, на 14-ти декември 2023 година. Пред голем број членови на Црквата се одржа промоција на публикацијата „Огледало“, која ја претстави пред присутните Зоран Карапанчев, претседателот на Друштвото.
Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН





