Овој таен симбол на видеото на Кејт Мидлтон ретко кој го забележа, а крие силна порака

Date:

Принцезата Кејт ја шокираше јавноста кога во петокот вечерта објави видео во кое откри дека ѝ бил дијагностициран рак. Видеото ги „замолчи“ бројните теории и шпекулации за нејзината здравствена состојба, а реакциите се нижат веќе со денови.

Принцезата ја објави својата тешка битка додека седеше на клупа во градина во Виндзор, а според „Mirror“, самиот избор на таквата локација ѝ дава дополнително значење на нејзината објава. Имено, зад принцезата се наоѓале нарциси, цвеќе кое стана симбол на надеж за болните од рак, а воедно претставува и нови почетоци.

Принцезата во емотивната објава зборуваше за големиот шок по откривањето на нејзиниот рак и за „многу тешките месеци“ низ кои поминало нејзиното семејство. Иако не откри за каков карцином станува збор, таа рече дека на крајот на февруари започнала со превентивна хемотерапија и дека се чувствува добро и позитивно гледа на исходот.

Британските медиуми наведуваат и дека има причина зошто принцезата ја објавила веста за нејзиното здравје дури во петокот, иако корисниците на социјалните мрежи со недели претходно шпекулираа што навистина се случува со Кејт. Во петокот во Велика Британија започна училишниот распуст по повод Велигден, а Кејт и Вилијам го чекале тој момент да ја објават веста за да ги заштитат своите деца од медиумите и да можат да разговараат за состојбата на нивната мајка, пишува „Daily Mail“.

„Вилијам и јас направивме сè што можевме за да поминеме низ ова во приватност, за доброто на нашето младо семејство. Како што можете да замислите, за тоа беше потребно време“, вели Кејт во видеото.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...