Истражување на една американска советничка за образование.
За својата книга „Одгледување деловен човек“, авторката и советник за образование Маргот Махол Бисноу разговарала со 70 родители чии деца се многу успешни. Тие идентификувале пет клучни карактеристики кои придонеле за идните достигнувања на нивните деца.
Ако вашето дете ги има овие пет особини, тоа е предодредено за успех.
Упорност
Упорните деца не се откажуваат додека не најдат решение или не научат нешто. Тие се храбри и туѓите реакции не ги обесхрабруваат. Џонатан Неман покренал бројни работи додека бил во средно училиште и на факултет, но ниту една од нив не била успешна. По дипломирањето, тој и двајца пријатели го основале „Свитгрин“ (SweetGreen), еколошки синџир со над 900 продажни места.
„Не успеваме, но се обидуваме повторно и повторно. Не сум попаметен од кој било друг, само сум поупорен“ – изјавил тој.
Љубопитност
Да се биде љубопитен значи да се поставуваат многу прашања, на пример: зошто е ова вака, дали мора да биде вака или дали може да биде подобро…
Тања Јуки ја основала „Shareablee“, компанија за анализа на социјалните медиуми. Таа се присетила дека како дете сакала да допира сè кога ќе се нашла во продавница за луксизни подароци, и покрај знакот „забрането допирање“. Кога продавачот ќе ѝ зел нешто од раката, таа била сигурна дека е во неволја, а татко ѝ ќе речел: „Таа е само љубопитна. Ако скрши нешто, јас ќе платам за тоа“.
Истражувачката и љубопитната природа е вообичаена особина за луѓето што го креираат сопствениот пат во животот и стануваат успешни во она што го работат.
Страста
Наместо да се трудат да ни угодат, децата би требало да откријат која е нивната страст.
Роберт Стивенс е совршен пример за некој кој страста од детството ја претворил во претприемачки успех. Момчето кое сакало да ги поправа работите, на 24 години ја основало компанијата за поправка „Geek Squad“. Подоцна ја продал за 3 милиони долари.
Неговите родители постојано ја поддржувале неговата страст и му верувале доволно за тој самиот да одлучува за своите работи, така тој научил да верува во сопствените способности.
Преземање иницијатива
На успешните луѓе не им е потребна надворешна мотивација. Кога Пејџ Микоски била во своите 20-ти години, на секој нејзин роденден добивала по 100 долари од нејзините баби и дедовци. Таа решила да ги искористи тие пари и да го оствари својот животен сон, да основа фирма за облека. Купила машина за шиење, ја напуштила работата, се вратила дома и почнала да дизајнира. Таа го основаше култниот моден бренд „Aviator Nation“. Во 2021 година нејзината компанија остварила промет од 110 милиони долари.
Подготвеност за преземање ризици
Дани Џонс е поранешен американски рагбист во Националната фудбалска лига, кој ја водеше емисијата „Дани ја напаѓа Земјината топка“ („Dhani Tackles the Globe“). Тој ја основал приватната инвестициона компанија „Qey Capital“. Додека растел, не бил суперѕвезда, но не се плашел да ризикува.
„Многумина не се подготвени да стават сè на коцка за да го постигнат она во што веруваат. Родителите би требало да им влеаат доверба на своите деца, за подоцна тие бестрашно да му пристапат на животот“, вели мајката на Дани.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]


