Ако имате тенка коса, можете да се одлучите за фризура која е модерна и оваа пролет, а која ја промовираат Французинките.
Пролетта е вистинско време да ја промените фризурата и да внесете свежина во вашиот изглед. Ако сакате да ја скратите косата, но не сте сигурни која фризура да ја изберете, можете да го изберете францускиот боб.
Оваа омилена француска фризура плени со својот модерен изглед. Додава волумен на косата и го подмладува лицето.
Косата обично се шиша до брадата или малку пократко. Постојат и малку подолги варијанти, до клучната коска. Фризурата може да има шишки или да биде стилизирана со патец на средина.
Францускиот боб се покажал како многу добар избор за жените кои имаат тенка коса. Оваа фризура создава илузија на густа коса, а можно е да ја стилизирате со само неколку вешти движења.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]