Се ближи Велигден и доколку сакате јајцата да ги вапсате на нов начин, пробајте го овој интересен руски метод. Постојат голем број начини за украсување на велигденските јајца, а ние ви ја пренесуваме идејата што се користи во Русија и со која се добиваат оригинални велигденски јајца во различни бои. Колку повеќе бои ќе изберете, толку пошарени и поубави ќе бидат вашите „руски“ велигденски јајца, а можете да користите и само две бои.
За оваа метода на бојадисување потребни ви се кесички боја, ладна претходно зовриена вода, оцет, неколку салфетки, стапчиња за уши и онолку ластичиња колку што имате јајца.
Состојки:
јајца
зовриена, но изладена вода
различни бои во кесички
алкохолен оцет
стапчиња за уши
ластичиња за тегли
пластични чаши
салфетки
малку масло за премачкување
Подготовка:
Сварете ги јајцата и оставете ги целосно да се изладат. Одделете неколку пластични чаши и во секоја истурете по една кесичка од боите за јајца. Боите прелијте ги со лажица ладна вода и додадете една лажица ладен алкохолен оцет, па содржината измешајте ја убаво додека да се да се раствори бојата.
Секое јајце посебно завиткајте го во лист салфетка, ако се повеќеслојни, одвојте ги слоевите и употребете по еден за секое јајце. Одозгора врзете ги со ластиче. Потоа потопете ги стапчињата за уши во боите и исшарајте ги јајцата со нив, сè додека не добиете разнобојни и рамномерно обоени јајца. Оставете ги да се исушат 15 минути. После тоа, одвиткајте ја салфетката. На крај, кога целосно ќе се исушат, премачкајте ги јајцата со масло за да добијат сјај.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]