Песната е создадена за да придонесе за намалено чувство на загриженост, страв и напнатост
Животот денес е драстично поинаков од порано. Се чини дека донесувањето дури и наједноставни одлуки е голем стрес. Добиваме премногу информации, поради што се чувствуваме преоптоварени и вознемирени. Паметните телефони и технологијата играат особено голема улога во ова.
Ни се чини дека не можеме да функционираме без нашиот мобилен, имаме постојана потреба да го имаме во раце и ни дава лажно чувство за поврзаност. Згора на се, гледајќи различни профили на социјалните мрежи, имаме впечаток дека сите освен нас живеат среќно, исполнето и дека постојано патуваат.
Сакале или не, ние се споредуваме со луѓе за кои ништо не знаеме, чувствувајќи се помалку вредни. Анксиозноста е најчеста последица, односно чувство на страв, загриженост, страв и паника, кое обично е премногу зголемено во однос на реалната ситуација.
Бидејќи се’ повеќе луѓе страдаат од анксиозност и се под постојана грижа, истражувачите од Mindlab International од Велика Британија сакале да откријат каква музика најмногу може да го опушти човечкото тело. Песната „Weightless“ се покажала како песната која најмногу го намалила чувството на вознемиреност кај учесниците, дури за 65%!
Песната „Weightless“ е создадена од Маркони Унијата, музичарите кои се здружиле со терапевти.
[/et_pb_text][et_pb_video _builder_version=”4.14.8″ _module_preset=”default” src=”http://youtu.be/UfcAVejslrU” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″][/et_pb_video][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]