Објавен трејлерот за долго очекуваниот Gladiator II

Date:

Објавен е трејлерот за Gladiator II, еден од најочекуваните филмови на годината, на режисерот Ридли Скот.

Ова продолжение на Gladiator од 2000 година е засновано на приказна на Питер Крег и Дејвид Скарпа. Главните улоги ги толкуваат Пол Мескал, Педро Паскал, Кони Нилсен и Дензел Вашингтон.

Приказната го следи Луциј, поранешен наследник на Римската империја, кој станува гладијатор откако римската војска предводена од генералот Маркус Аурелиј ќе го нападне неговиот дом.

Преговорите за снимањето на продолжението на Gladiator започнаа уште во 2001 година, а конечно беше најавено во 2018 година. Снимањето траеше од јуни 2023 до јануари 2024 година, со прекин поради штрајк на филмските работници во Холивуд.

Gladiator II пристигнува во кината во Велика Британија на 15 ноември оваа година. Во американските кина ќе се прикажува од 22 ноември.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...