Објавено ЦД „Господ да ја благослови Македонија“ во сеќавање на поранешниот претседател Трајковски

Date:

„Господ да ја благослови Македонија“ е насловот на најновото аудио ЦД на новинарите на Македонското радио – Радио Скопје Свето Стаменов и Билјана Таневска Спировска, кое деновиве и официјално беше објавено.

– ЦД-то ја содржи специјалната емисија „Господ да ја благослови Македонија“, што беше емитувана на програмата на Македонското радио – Радио Скопје на 26 февруари годинава, по повод дваесетгодишнината од загинувањето на претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, информира во соопштение Стаменов.

Емисијата, која трае 90 минути и која авторите ѝ ја посветија на нивната колешка Искра Чоловиќ, доајен на македонското радио-спикерство, новинар и познат македонски публицист која ненадејно почина на 14 декември 2023 година, содржи автентични аудио снимки од говорите на претседателот Трајковски, искази и сеќавања на неговите најблиски соработници и пријатели, како и оригинални новинарски извештаи за загинувањето и погребот на претседателот Трајковски, емитувани во централната информативна емисија на Македонското радио – Радио Скопје „Пладневен радиовесник“ на 26 февруари, 3 и 5 март 2004 година.

Аудио-дизајнот на емисијата е на Бесим Кека и Тони Цаневски, а спикери се Искра Чоловиќ и Анета Трпевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Ѓорческа „тргна“ со победа во Германија

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска постигна победа во првото...

„Битка на половите“: Кирјос најави спектакл со најдобрата светска тенисерка

Били Џин Кинг и Боби Ригс го одиграле последниот...

ПСЖ со лекција за Реал Мадрид до место во финалето на Светското клупско првенство 

Европскиот шампион ПСЖ го реши победникот во полуфиналето на...

СОЛУНСКИТЕ БРАЌА СВЕТИ КИРИЛ И СВЕТИ МЕТОДИЈ (21)

ДЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“ НА...