Раководството на НБА лигата денеска ги соопшти имињата на кошаркарите кои ќе учествуваат во натпреварувањето во шут за 3 поени, забивање, како и скил челинџот на претстојниот Ол-стар викенд.

НБА Ол-стар викендот ќе се одржи од 17 до 19 февруари во „Вивинт“ арената во Солт Лејк Сити, а овие три натпреварувања ќе бидат на програмата во сабота на 18-ти. Директен пренос на територијата на Македонија ќе врши Арена Спорт. Во натпреварувањето за најдобар изведувач на тројки ќе учествуваат:

Тајрис Халибртон – Индијана Пејсерс

Тајлер Хироу – Мајами Хит

Бади Хилд – Индијана Пејсерс

Кевин Хертер – Сакраменто Кингс

Демиен Лилард – Портланд Треил Блејзерс

Лаури Марканен – Јута Џез

Анферни Симонс – Портланд Треил Блејзерс

Џејсон Тејтум – Бостон Селтикс.

Кога станува збор за најатрактивното натпреварување, во забивање ќе се натпреваруваат:

Кенион Мартин Џуниор – Хјустон Рокитс

Мек МекКланг – Филаделфија 786ерс

Треј Марфи – Њу Орлеанс Пеликанс

Џерико Симс – Њујорк Ник     –   На почетокот од саботниот програм ќе се одржи и скил челинџ, односно натпреварување во вештини. Во него ќе се натпреваруваат три екипи, секоја со по тројца играчи. Една од екипите ќе биде сочинета од Јанис Адетокунбо заедно со своите браќа Танасис и Алекс, а тимот ќе се вика, нормално, Адетокунбо. Покрај нив, во Џез тимот ќе бидат Џордан Кларксон, Вокер Кеслер и Колин Секстон – сите од Јута Џез, додека во тимот Руки ќе настапат Паоло Банкеро (Орландо Меџик), Џабари Смит Џуниор (Хјустон Рокитс) и Џејден Ајви (Детроит Пистонс).