Германскиот топ модел Хајди Клум во неодамнешната искрена објава на социјалните мрежи проговори за нејзината тежина и навиките во исхраната.
Германската убавица оваа информација ја сподели на својот Инстаграм и одговори дека внесува само „до 900 калории дневно“, што прилично ги шокираше нејзините обожаватели.
Хајди (50) наводно го започнува денот со нискокалоричен појадок од три поширани јајца во топла пилешка супа, пишува „Пејџ сикс“.
Друг следбеник тогаш ја замолиl Клум да ја сподели нејзината моментална тежина, па таа извадила вага и застанала врз неа со боси нозе. Набрзо објавила видео кое ја насмеало и откри дека има 62,5 килограми. И тука застанала со информациите во врска со нејзината исхрана.
Манекенката родена во Германија е висока 175 сантиметри, така што според Американскиот институт за срце, крв и бели дробови, нејзиниот БМИ е „во нормалниот опсег“. Меѓутоа, медицинските експерти препорачуваат жените дневно да внесуваат 2.000 калории.
Меѓутоа, со текот на годините, Клум станала поопуштена во врска со тоа што јаде, бидејќи не сака да се чувствува како тоа да ѝ е „обврска“, но сепак приоритет дава на здравата храна.
– На почетокот морав да бидам дисциплинирана за храната, а сега едноставно се навикнав на тоа – изјавила мајката на три деца за „Ред магазин“ во 2020 година, пренесува „Дејли мејл“.
– Има толку многу избори, само изберете ги вистинските работи – накратко објаснила таа.
Во меѓувреме, Клум гордо ја покажува својата фит фигура на социјалните мрежи, а на една од најновите фотографии со костими за капење во едната рака носеше чинија со свежо овошје, а во другата чинија со домати.