Обожавателите одушевени од трејлерот за новиот филм на Зак Ефрон и Џон Сена

Date:

Трејлерот за филмот досега е прегледан повеќе од 7 милиони пати, а многу гледачи во коментарите напишаа дека едвај чекаат да го погледнат филмот и дека актерската екипа е одлична. Главните улоги во филмот ги толкуваат Зак Ефрон и Џон Сена.

Заплетот следи тројца пријатели од детството, Дин, Џеј Ти и Вес (Ефрон, Ендрју Сантино и Џермејн Фаулер), кои го обвинуваат нивниот измислен пријател, Рики Станики, секој пат кога некоја шега ќе тргне наопаку. Дваесет години подоцна, тројцата пријатели продолжуваат да го користат својот имагинарен пријател како алиби, поради што нивните партнерки почнуваат да се сомневаат дека нешто не е во ред.
<

За да се извлечат, Дин, Џеј Ти и Вес решаваат да ангажираат пропаднат актер, „Рок Хард“ Род (Сена), за да се преправа дека е Рики Станики. Но, на Род почна да му се допаѓа таа улога повеќе отколку што очекуваа неговите пријатели.

Филмот беше режиран од оскаровецот Питер Фарели, режисер на The Green Book и некои од најпознатите комедии од 90-тите и раните 2000-ти, како што се Dumb and Dumber, Me, Myself and Irene и There’s Something About Mary.

Споредните улоги во комедијата ги толкуваат Вилијам Х. Мејси, Лекс Скот Дејвис и Ања Савчиќ.

Ricky Stanicky ќе биде достапен на стриминг сервисот Prime Video на 7 март оваа година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ВРСКИТЕ ПО КОПНО И ПО ВОДА СО БРОДОВИ МЕЃУ ЦРВЕНОТО МОРЕ, МЕДИТЕРАНОТ И РЕКАТА НИЛ (9)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Николовска: Најавата за отуство на седницата на Уставниот суд е неизвршување на функцијата

Неизвршување на функцијата уставен судија се најавите за неприсуство...

Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

За палење на македонското знаме на прославата на денот...

Мицкоски размислува за преземање на ЈСП од владата ако и натаму нема нафта

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Владата нема да набљудува...