ОБНОВАТА НА ХАВАИ ЌЕ ТРАЕ СО ГОДИНИ, ПОЖАРОТ СРАМНИ СО ЗЕМЈА 1700 ЗГРАДИ

Date:

Во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи уништен е туристичкиот историски град Лахаина, за што ќе бидат потребни многу години и милијарди долари за обнова, изјавија властите на Хаваи. Гувернерот Џош Грин рече дека пеколот што го претвори голем дел од Лахаина во урнатини е најлошата природна катастрофа во историјата на државата, која остави илјадници луѓе без покрив над главата и срамни дури 1.700 згради.

„Ќе бидат потребни многу години за да се обнови Лахаина“, рече Грин на прес-конференција, а властите почнаа да подготвуваат план за засолнување на новите бездомници во хотели и туристички имоти. „Тоа ќе биде нова Лахаина што Мауи ќе ја изгради според сопствен имиџ со свои вредности“, рече Грин за градот кој привлекува 2 милиони туристи секоја година, или околу 80% од посетителите на островот.

Пожарот кој се движеше со огромна брзина поради ветровите на ураганот Дора започна во вторникот, се прошири во градот и го опустоши историскиот Лахаина, кој некогаш беше главен град на Хавајското Кралство. Некои луѓе избегале од пламените јазици скокајќи во Тихиот Океан. Ниту еден од трите главни големи пожари сè уште не е изгаснат, иако пожарот во Лахаина е 80% локализиран. Повеќе од 14.000 туристи се евакуирани, а 11.000 луѓе уште се без струја на островот.

Илјадници туристи и локални жители беа евакуирани од западната страна на Мауи, која има околу 166.000 жители во текот на целата година, а некои се засолниле на островот или на соседниот остров Оаху. Туристите кампуваа на аеродромот Кахулуи, чекајќи летови за дома.

Грин рече дека обемот на катастрофата ќе го надмине оној од 1960 година, една година откако Хаваите станаа американска држава, кога цунами уби 61 лице на Големиот Остров на Хаваи. Американскиот претседател Џо Бајден издаде „декларација за голема катастрофа“ со која се ослободуваат средства за помош.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...