Бодигардот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Ивица Б., во раните утрински часови се степал со колега полицаец кој во моментот бил извршувал работни обврски, пренесе ТВ Телма.

Ивица Б. Веднаш е лишен од слобода, а од Министерството за внатрешни работи стигна и потврда за информацијата.

Според нив настанот се случил доцна синоќа, во 00:40 часот по полноќ, во угостителски објект на подрачје на општина Центар, при што веднаш интервенирале припадници на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

-ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОД ЕДИНИЦАТА ЗА НЕДОЗВОЛЕНА ТРГОВИЈА ПРИ СВР СКОПЈЕ ГО ЛИШИЛЕ ОД СЛОБОДА И.Б.(43) ОД СКОПЈЕ, ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК КОЈ НЕ БИЛ НА ДОЛЖНОСТ, ЗАТОА ШТО ФИЗИЧКИ НАПАДНАЛ ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИК КОЈ ИЗВРШУВАЛ СЛУЖБЕНИ ДЕЈСТВИЈА. ЛИЦЕТО БИЛО ПРИВЕДЕНО ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА И ПО ЦЕЛОСНО ДОКУМЕНТИРАЊЕ НА СЛУЧАЈОТ ПРОТИВ НЕГО ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА СООДВЕТНА ПРИЈАВА“, ВЕЛАТ НА МВР.

Претходно за инцидентот со фејсбук статус информираше дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

Тој напиша дека македонската историја не памети ваков случај на поранешен полициски функционер да нападне и спречи свој колега во извршување на службена дејност, и побара максимално професионално да се расветли овој случај.