Обвинителството со детали за прободувањето на бугарскиот навивач во Чаир

Date:

Основното јавно обвинителство Скопје сподели нови детали за прободувањето на бугарскиот навивач во Чаир, што е само еден од инцидентите кои вчера го одбележаа фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Левски од Софија.

Според првичните сознанија на Обвинителството, до инцидентот дошло откако навивачи на Левски, со две возила со бугарски регистарски таблички, се движеле во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”, каде што прво влегле во вербална расправија со случајни минувачи и граѓани.

Потоа бугарските навивачи ги запреле возилата и излегле од нив, по што вербалната расправија преминала во тепачка со група граѓани кои излегле од околните објекти.

При враќање во автомобилот, 29-годишен бугарски државјанин бил прободен со остар предмет во стомакот. Кај него е констатирана тешка телесна повреда и е хоспитализиран. По извршена хируршка интервенција, тој е во стабилна состојба.

Првични сознанија на Обвинителството се дека локалните граѓани вклучени во инцидентот не се дел од навивачка група. Но, тоа ќе се провери.

„Со цел утврдување на идентитетот на граѓаните кои учествувале во настанот и кои според првичните сознанија не биле дел од локална навивачка група, како и целосно расчистување на настанот, подигнати се траги од местото на настанот кои ќе бидат предмет на вештачење. Освен тоа, обезбедени се видеозаписи од околните објекти и од камерите на системот ‘Безбеден град’, а се преземаат и други дејствија“,

велат оттаму.

Ова е само еден од настаните кои го одбележаа вчерашниот натпревар. Полицијата извести дека уапсила вкупно 21 лице.

Двајца навивачи на Шкупи и деветнаесет на Левски од Софија се товарат за нарушување на јавниот ред и мир – пред и за време на натпреварот, а дел од нив и за физички напад на полициски службеници.

Според Министерството за внатрешни работи, навивачите од Бугарија, освен што го нарушиле јавниот ред и мир во Скопје, физички нападнале и полицајци.

Околу полноќ, пак, полицијата ги уапсила и двајцата навивачи на Шкупи. Тие го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...