Обвинителството отвори предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Date:

Јавното обвинителство оформи предмет по допрен глас за утврдување на идентитетот и на кривичната одговорност кај повеќе лица кои преку коментари на Фејсбук изминативе денови упатија закани кон новинарот и уредник во телевизијата Канал 5, Александар Видиновски.

Коментарите со навреди, омаловажувања и смртни закани упатени кон Видиновски, се под видео на кое тој известува за непрописно паркирани дипломатски возила пред Амбасадата на Бугарија во Скопје.

„Коментарите во себе содржеле сериозни закани, говор на омраза, ксенофобични пораки и пораки што поттикнуваат национална нетрпеливост“,наведуваат од Јавното обвинителство.

Предметот е доставен до надлежното ОЈО Скопје кое треба да ги испита индициите за евентуално постоење елементи на кривично дело за кое се гони по службена должност.

Претходно вчера за случајот реагираше и остро го осуди Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму наведоа дека за случајот е поднесена пријава до МВР и изразија очекување надлежните итно да постапат.

„Пораките со навредлива, шовинистичка и содржина која содржи омраза, како и директните закани по живот (‘смрт за вас’), претставуваат сериозно кршење на правото на слобода на изразување и директна закана по безбедноста на новинарот. Ваквите напади имаат за цел да извршат притисок и заплашување поради професионално известување за прашање од јавен интерес“,порачаа од ЗНМ додавајќи дека новинарите не смеат да бидат мета на закани, навреди и говор на омраза.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Крушево е европски центар на параглајдингот: 130 пилоти од 38 земји летаат за европска титула

Во Крушево се одржува 18. FAI Европско првенство во...

Газдата на Пао за Јокиќ: Не се шегувам – ќе го потпишам следната година!

Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откри дека грчкиот клуб...

MACEDONIAN CENTURIES LONG SPIRITUAL TREASURE (16)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN According...

Зеленски тврди дека Русија користи севернокорејски ракети за напади врз Украина

Украина и Русија продолжија со напади во текот на...