Јавниот обвинител од основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева, бара екс генералниот секретар на владата Рашковски да биде осуден за предметот „Софтвери“.

Обвинетите да ја надоместат штетата во вкупен износ од над 18 милиони денари во корист на буџетот на државата, а на двајцата универзитетски професори, вклучително и нему самиот, да им биде изречена и казна – забрана за вршење на професија.

Во соопштението на обвинителството по вчера одржаните завршни зборови, се вели дека доказите кои биле изведени во текот на постапката според обвинителството го потврдуваат актот со кој Рашковски се товари дека нерационално, неекономично и непродуктивно потрошил речиси над 17 милион денари од буџетот со цел да се впаричи неговиот патент и систем..