Обвинителот најавува скорешна одлука за предметот на директорот на АНБ, Бојан Христовски

Date:

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски најави дека за скоро ќе биде донесена јавнообвинителска одлука за предметот кој го води скопското Јавно обвинителство за директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.

– Сè уште се преземаат дејствија и за тој предмет и ќе има одлука. Јавниот обвинител презема дејствија и набргу ќе има јавнообвинителска одлука – рече Коцевски. Тоа значи дека наскоро ќе се знае дали ќе се отвори истрага за неговиот сертификат по англиски јазик.

Минатиот месец Коцевски објави дека конечно добиле одговор од бугарските власти преку меѓународна правна помош за наводите дека сертификатот за англиски јазик на директорот Христовски е фалсификат.

-Ние побаравме меѓународна правна помош и еве можам да кажам во овој момент дека добивме, имаме одговор во однос на нашето прашање, односно тоа што беа наводите во пријавата и она што медиумите го објавуваа, меѓутоа во овој момент нема да ви откријам што содржи тој одговор – рече Коцевски.

Сепак, наведе дека тоа што го добиле било поттик да испитуваат и други околности и факти и најави дека наскоро ќе излезат со јавнообвинителската одлука.

– Токму тој одговор нè поттикна сега да испитуваме и други околности и други факти, така што набргу ќе излеземе со јавнообвинителска одлука. Значи, по меѓународна правна помош стигна од Бугарија дали таа школа работела или не и дали издавала или не такви сертификати – порача обвинителот.

Предметот неофицијално го води обвинителот Владимир Милошевски.

Антикорупциска одлучуваше за овој предмет и реши дека немаат надлежност да утврдуваат дали некој документ е фалсификат или не, а формално-правно документите биле доставени и Христовски ги исполнил условите.

Со 5 гласа „за“ ја запре постапката, а предметот за првиот човек на АНБ го затвори и го архивираше.

За Антикорупциска не беше спорен ниту ТОЕФЛ сертификатот за познавање англиски јазик, ниту дипломата од Економскиот факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје на Христовски, за кои се дигна најмногу врева во јавноста. Овој предмет заврши во Обвинителството, но се чекаше одговорот од бугарските власти.

Додека се чекаше одговорот од Бугарија, осомничена стана претседателката на ДКСК Татјана Димитровска под сомнение дека оддавала службена тајна на поранешен директор на ТЕЦ Неготино.

На вчерашното одбележување на Денот на полицијата, Коцевски и Христовски беа во првиот ред на прославата, седнати еден до друг.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Е. Пелистер добро се намачи за да го победи Охрид

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до победа над Охрид...

Кристал Палас направи чудо и го победи Манчестер Сити во англискиот ФА куп

Тоа беше ден кој засекогаш ќе живее во срцата...

Пјастри најбрз и на квалификациите на Имола

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, ја освои пол-позицијата пред...

Рецепт за домашен сок од јагоди кој се подготвува брзо и лесно

Во сезоната на јагоди кога пазарите ќе замирисаат на...