Обвинет за убиствата на Вања и Панче е во болница, неизвесно е дали ќе има судење

Date:

Неизвесно е дали обвинетите за убиството на Вања и Панче идниот понеделник заедно ќе седнат во судница. Велешанецот Боре Видевски викендов итно бил пренесен на болничко лекување заради влошена бубрежна функција. Од Клиниката за Нефрологија велат дека состојбата на пацинетот е критична, но се прават напори за нормализација на работата на бубрегот кој претходно му бил дониран на Видевски. Продолжението на судењето е закажано за седми октомври, но дали Видевски ќе може да седне во обвинителната клупа, лекарите засега не прецизираат.

Од кривичниот суд за Сител велат дека информирани се за состојбата на обвинетиот и ќе чекаат лекарите да кажат дали Видевски може да доаѓа на закажаните рочишта. Од нивните информации кои ги очекуваат до крајот на неделава ќе зависи дали Кривичен ќе го одложи судењето закажано за во понеделник.

Адвокатот на Видевски смета дека неговиот клиент не е во состојба да се појави на следното рочиште. Докторите од Клиниката за нефрологија го информирале дека му е направена вонредна дијализа, а неопходни ќе биле уште дваесетина. Според адвокатот, состојбата на Видевски се влошила заради недоволниот лекарски надзор кој го имал во притвор. Смета дека ќе му треба најмалку еден месец да се врати на судењето.

Обвинет во случајот со убиството на Вања и Панче е хоспитализиран во болница. Боре Видевски викендов бил примен на клиниката за нефрологија заради влошена бубрежна функција. Од болницата велат дека состојбата на Видевски не е стабилна, но се правеле напори за нормализација на работата на бубрегот кој претходно му бил дониран.

Адвокатот Бојан Манев вели дека причина за влошената здравствена состојба на Видевски е недоволниот лекарски надзор во затворот во Шутка. Докторите од Нефрологија го информирале дека веднаш му била направена вонредна дијализа, а моментално не бил контактибилен.

Од Нефрологија не прецизраат колку време Видевски ќе остане на лекување. Според распоредот на судот, тој во понеделник треба да седне во обвинителната клупа.. Од Кривчниот суд за Сител велат дека се информирани за состојбата на обвинетиот, а по инфомрациите од здравствената установа, најдоцна до петок ќе одлучат дали закажаното рочиште за 7 октомври ќе го одложат.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

МНР ги повикува македонските граѓани да не патуваат во Либан, Израел и Иран

МНР со апел до сите македонски државјани веднаш да...

И ПО 29 ГОДИНИ НЕРАЗРЕШЕН АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ

На 3 октомври, пред 29 години, извршен е атентат...

Пезешкијан: Западните ветувања беа лажни, ќе одговориме на Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан одржа состанок со политичките претставници...