Обвинетиот во случајот со Пендиков се разболе и не дојде на судење, бара да му се врати и пасошот за да се лекува во странство

Date:

Лекар специјалист му отворил боледување на првообвинетиот Илија Спасески во времетраење од најмалку 15 дена, со што се одложи денешното судско рочиште за претепувањето на секретарот на бугарскиот културен клуб Христијан Пендиков во Охрид.

Правните застапници на одбраната доставија медицинска документација и воедно од судот побараа да му го врати одземениот пасош на првообвинетиот за тој да може да се лекува во странство, но судот ваквото барање експресно го одби. Откако се одложи рочиштето, надвор пред новинарските микрофони застанаа оштетениот Христијан Пендиков и неговиот адвокат Стефан Камишевски.

На новинарски прашања за тоа дали Пендиков се чувствува безбеден во земјава и дали добивал закани, тој рече дека секојдневно добива закани на социјалните мрежи кои уредно ги пријавува до МВР, но и до ОБСЕ

„Се надевам дека одиме нанапред, дека имаме поотворено мислење, не треба да се тепаме поради национално чувство. Не е добро никој да биде тепан и омаловажуван поради својата национална припадност“, рече Пендиков.

На прашање дали тој се знае лично со обвинетиот, Пендиков не доби шанса да одговори бидејќи неговиот адвокат не му дозволи. Тој рече дека сè што треба да се знае за случајот, Пендиков ќе каже пред судот на следното рочиште кое е закажано за 21 септември. Адвокатот Камишевски кажа и дека отсуството на Спасески кажува многу за случајот и побара одбраната да не наоѓа изговори.

„Обвинетиот треба да биде присутен на судските рочишта и да ја докаже својата невиност. Во спротивно, претпоставувам дека ќе си наоѓа изговори да не доаѓа на судските рочишта“,рече Камишевски.

Ова не е прво одложување на рочиште во овој случај – претходно одложување имаше на 31 мај. Причина за одложувањето тогаш беа новите медицински докази што ги достави обвинителството. Одбраната на Спасески побара одложување на рочиштето за да има повеќе време да ги проучи, но откако судијата Бојан Мартиноски не дозволи, адвокатите на обвинетиот револтирано ја напуштија судницата.

Пендиков двапати претходно не присуствуваше на рочишта од овој судски процес поради, како што соопшти тогаш неговиот адвокат Стефан Камишевски, здравствени причини.

На претходно рочиште, кое се одржа на 5 април, првообвинетиот за нападот на Пендиков, Илија Спасески, рече дека не се чувствува виновен откако претставник на обвинителството го прочита обвинителниот акт, според кој се товари за извршено кривично дело нанесување тешки телесни повреди.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ПОЧЕТОК НА БИТКИТЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ВО МАЛА АЗИЈА (48)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Северина и нејзиниот син се дружеа со Новак Ѓоковиќ, таа се пофали со фотографијата

Северина летниот одмор со синот Александар го помина на...

Српска актерка тврди дека Бред Пит и’ се додворувал: „Не одговорив на пораката“

Холивудскиот заводник Бред Пит зад себе има два брака,...

Рок иконата Џон Бон Џови спречи жена да скокне од работ на мостот во Нешвил

Хуман чин на рок иконата Џон Бон Џови. Тоj...