Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против полициски инспектор поради усмртување на мигрантка.
Инцидентот се случил на 19.04.2023 година, во раните утрински часови во близината наГевгелија, кога полициски службеник, распореден за опсервирање на теренот, го известил обвинетиот – раководител на смена, дека група мигранти илегално ја преминале државната граница на РМ.
Обвинетиот полициски инспектор контактирал со полициски службеници за ГН Богородица кои требало да ги пресретнат и спречат мигрантите. Во меѓувреме се забележани две возила во движење, едно со марка „Форд Фокус“ и друго со марка „Мерцедес“,по што обвинетиот веднаш издал наредба на двајца полициски службеници да се упатат кон главниот влез на касарната во околината, додека тој тргнал кон групата мигранти.
Групата мигранти се стрчале кон возилото со марка „Мерцедес“, а обвинетиот откако им дал звучен сигнал од неговото возило се упатил кон нив со цел да го лиши од слобода сега второосудениот кој веќе ги прифаќал мигрантите туркајќи ги и обидувајќи се да смести што повеќе од нив внатре во возилото. Притоа второосудениот не се одзвал на предупредувањето од обвинетиот кое гласело „Стоп Полиција“, по што обвинетиот полициски службеник уште еднаш го предупредил држејќи во раце службен пиштол.
Обвинетиот свесно знаејќи дека ги доведува во ризик животот и телото на останатите присутни, му се приближил на второосудениот кој наеднаш се свртел и се втурнал во обвинетиот, по што почната физичка пресметка со цел второосудениот да му го одземе оружјето на обвинетиот.
Обвинетиот свесно се впуштил во борба со второосудениот и притоа испукал еден истрел предизвикувајќи значителна опасност за животот и телото на насобраните лица.
Испуканиот истрел, ја погодил Fatmata Kamara од Сиера Леоне, која што потклекнала на здобиените повреди и починала откако била пренесена во ЈЗУ Општа болница Гевгелија.