Обвинение за три лица за палење на македонското знаме на Денот на албанското

Date:

За палење на македонското знаме на прославата на денот на албанското во Скопје, обвинение добија три лица. Прославата минатиот четврток беше без никаква најава, а колoни возила и граѓани блокираа неколку крстосници и булевари. Чинот на палење на македонското знаме беше објавен на социјалните мрежи, што наиде на осуда и барање на одговорност, а утредента беа уапсени сега обвинетите.

„Тројца од обвинетите на 28 ноември, по повод прославите на Денот на албанското знаме, со палење, уништување и кинење на државното знаме на Република Северна Македонија предизвикале чувства на омраза, раздор и нетрпеливост врз основа на етничка припадност и го изложиле на подбив националниот симбол“, соопштуваат од ОЈО.

Додека четврто лице, 20 годишник, е обвинет дека во понеделникот во вечерните часови се обидел да запали албанско национално знаме, при што бил забележан и спречен од полициски службеници кои го привеле.

„Четвртиот обвинет, неколку дена подоцна, на 2 декември, со палење го оштетил знамето на друга држава – Република Албанија, со што исто така предизвикал омраза и нетрпеливост“, додаваат од ОЈО.

Сите обвинети се товарат за предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа. Им се заканува казна затвор од една до пет години.

Според обвинителството, нивните дејствија предизвикале говор на омраза што на критичните денови се манифестирал особено на социјалните мрежи со тенденција да прерасне во нови инциденти на насилство. Обвинителството побарало продолжување на притворот за обвинетите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...