Н.У Ансамбл „Танец“ Ексклузивно интервју за MACTEL

Date:

ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Македонија, формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, име што го симболизира македонскиот народен танц- ( оро ), е амбасадор на македонската народна уметност и култура низ целиот свет. Како подвижен музеј на нашето културно богатство, ансамблот неуморно ја шири убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Австралија, Азија, Америка, Африка и насекаде низ Европа. Во текот на своето 75-годишно постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, настапувајќи пред полни концертни сали во Сиднеј, Мелбурн, Њујорк, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида и многу други светски метрополи.

ТАНЕЦ поседува и уникатна збирка на повеќе од 3000 автентични носии со исклучителна вредност и убавина и секој негов настап е посебно аудио-визуелно доживување на публиката. Репертоарот се состои од повеќе од 90 кореографии и неколку стотици вокални и инструментални творби, преку кои ансамблот ги претставува разновидните музички и кореографски традиции од богатиот македонски фолклор.

ТАНЕЦ брои 40 врвни играорци, 20 вокални и 20 инструментални изведувачи, кои лесно се комбинираат во најразлични формации и кои во секое време можат да понудат разнородна програмска концепција. ТАНЕЦ во својата долга и раскошна професионална кариера има добиено многу награди и признанија, како Големата награда на Интернационалниот фестивал во Ланголен, Велика Британија и општествените одликувања „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Св. Климент Охридски“ и „Орденот за заслуги за Македонија“.

ЗА ЈУБИЛЕЈОТ – ТАНЕЦ-75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА ТРАДИЦИЈА, 75 ГОДИНИ МАКЕДОНСКИ КОД

Основан во март 1949 година во Скопје, ансамблот Танец веќе 75 години е еден од најстамените столбови на македонската државност. Формиран со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да ги претставува највредните форми од богатата ризница на македонскиот народ, тој е денес еден од најблескавите страници на македонската културна историја.

Благодарение на сите генерации што ја градеа и реализираа јасно поставената програмска дејност на основачите, ансамблот низ годините растеше, се развиваше и прерасна во институција за почит. Секогаш цврсто поддржувајќи ги своите основни вредности, од своите скромни почетоци до денес, ансамблот постојано еволуираше и се издигна на нивото на симбол на уметничката извонредност, прикажувајќи го уникатниот живописен мозаик на нашата културна раскош пред публиката ширум светот.

Додека ја одбележуваме оваа значајна отсечка во времето, ја имаме на ум целокупната седумиполдецениска посветеност и страст на сите генерации извонредни играорци, песнопојци, инструменталисти кои оставиле драгоцен дел од својот живот во Танец. Нивната непоколеблива заложба за зачувување и промовирање на македонските народни традиции, не само што го збогати македонскиот културен пејсаж, туку послужи и како транскултурен и сеопшт катализатор за дијалог и единство во глобални рамки. Нема да е претерано ако кажеме дека недвосмислената убавина на нашиот фолклор е вистински ѓердан на светското културно наследство. Танец е наша и светска гордост, Танец е македонскиот идентитетски код, длабоко втиснат во светската културна меморија!
Сите ние во денешниот Танец, сме горди што зачекоривме во новата јубилејна сезона, која е посебна за нас. Танец е 75 години светилник на македонското културно наследство, а ние ја имаме одговорноста тој да засветли уште посилно, во име на сите минати генерации, кои ги удриле темелите и ги крепеле бедемите на оваа институција, но уште повеќе за сите идни генерации кои ќе треба да ја чуваат како свој најголем аманет во годините што претстојат.

Оваа јубилејна сезона која ја прославивме на 21.12.2024 година, не беше само наша туку и ваша. Прослава на секој еден кој го поддржал Танец на неговиот впечатлив пат, кој ја разбрал неговата голема и значајна мисија. Безрезервната љубов и поддршка на публиката била движечката сила на нашиот успех, и за тоа сме ви вечно благодарни, и токму со вас го направивме овој јубилеј за паметење!
Танец изникнал од народот и ја пишувал својата приказна со народот. Затоа, ајде здружено да почнеме да го пишуваме и следното поглавје на Танец! Така за навек!

ИНФОРМАЦИИ ЗА ЦЕЛАТА ЈУБИЛЕЈНА КОНЦЕРТНА СЕЗОНА

Со скромни ресурси, се уште без своја концертна сезона и зависен од слободните термини на институциите со соодветни сцени, но со голема волја и ангажман за достојно одбележување на 75-годишнината од основањето, Танец со радост и голем ентузијазам ја подготви својата јубилејна сезона. Всушност, кон оваа 75-годишнина се работеше плански и постепено, со развивање на долгорочни проекти кои веќе неколку години се на нашата агенда. Оттука, и оваа концертна сезона започна со самиот извор, со концептот наречен „ Изворни минијатури“, со којшто ја обиколивме речиси целата држава. Проектот „Изворни минијатури“ е замислен како сценско-едукативен караван низ градовите низ земјава, со кој ансамблот се враќа кон изворите и изведува творби од повеќе области од музичко-фолклорната и играорната практика на територијата на нашата држава и тоа во нивната интегрална форма во која егзистирале на теренот.

Оттука, репертоарот е составен од изворни ора и мелодии кои се содржани во постоечките кореографии на ансамблот или во минатото биле дел од репертоарот на Танец, а се одамна заборавени или напуштени. Оваа програма е податна за мали сцени со кои располагаат најголемиот број од центрите за култура во државава, но програма која е вистински омилена кај публиката. Овие изворни бисери, ги видоа граѓаните на Гостивар, Македонска Каменица и Пехчево. Онаму каде што дозволуваа просторните услови, Танец гостуваше во својата голема формација, односно се претстави со целовечерни концерти на целиот ансамбл (играорен кор, оркестар и хор ), со циклусот насловен „Танец низ татковината“. Изминатата година, Танец во соработка со центрите за култура имаше концерти во Кавадарци, Кичево, Прилеп, Охрид, Битола, Велес.

Танец во изминатата концертна сезона, промовирајќи го партнерскиот однос и заедништвото на македонската културна сцена, дел од своите концерти изведе и во рамките на фестивалите „Денови на македонска музика“, „Галичка свадба“, го поддржа јубилејното 50-то издание на познатиот Долненски фестивал „Пеце Атанасовски“ со концерт на отворено во Прилеп. Секако, освен овие концерти на Танец низ градовите во државата, ансамблот имаше уникатни концерти пред матичната публика во главниот град. Тоа беа традиционалниот Велигденски концерт, концертот посветен на 100-годишнината од раѓањето на Ѓорѓи Димчевски, и големиот гала јубилеен концерт.

Во нашата јубилејна година, Танец во септември 2024 година замина на регионална турнеја во Подгорица, Љубљана и Загреб. Покрај концертирањето, во програмата на Танец за јубилејната сезона е и публицистичката дејност во која секако централно место има издавањето на новата монографија посветена на 75-годишнината од основањето на Ансамблот.

Јубилејната сезона успешно беше реализирана со завршниот гала јубилеен концерт кој се одржа на 21.12.2024година во НОБ, но секако, продолжуваме со сите други редовни активности посветени за чувањето, негувањето и унапредувањето на македонскиот музички и музичко-сценски фолклор, па и во доменот на едукативната, документаристичката и публицистичката дејност.

За Мактел
Зоран Трајковски

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

„Сакаат да ме убијат во затворот“: Осудениот пејач го моли Трамп да му ја намали казната од 30 години

Контроверзниот американски пејач Р. Кели официјално побара од претседателот Доналд...

Џенифер Лопез прошета во жешко издание на Сицилија

Џенифер Лопез (56) со полна пареа го започна летото...

Џони Деп призна дека го малтретирал Леонардо Дикаприо

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од...

Џенифер Гарнер откри како изгледа заедничкото родителство со Бен Афлек

Иако зад себе имаат бурен развод, холивудските ѕвезди Џенифер...