Ноќен бунт во Слупчане: Со запалени гуми се блокира патот за да не влезат екипи на ЕВН

Date:

Селото Слупчане во општина Липково една ноќ остана во тотален мрак поради неконтролирани кражби на струја, а жителите со блокада на патот кој води до селото ги попречуваа екипите на ЕВН да влезат во селото, објавија дел од медиумите.

ТВ 21 објави дека на патот кој води кон Слупчане жителите палат гуми и го блокираат пристапот до селото.

Некои од медиумите јавуваат дека ЕВН ја исклучила стријата во селото, а според Макфакс, поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН.

Од ЕВН изјавиле и дека со крадењето струја се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти.

Слупчане важи за населено место каде најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија, а според медиумите, фактури за струја добиваат само 20 отсто од домаќинствата.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...